Број 2947  петок, 27 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Госпоѓа министерка“ ја враќа Весна Петрушевска во театарот

Утревечер во МНТ, по пауза од две децении, повторно се поставува антологискиот текст на Бранислав Нушиќ

Тина Иванова

„Ако некогаш внимателно сте набљудувале што се случува околу вас, ако понекогаш сте се впуштиле и задлабочиле во односите кои го регулираат животот на едно општество и движењата кои ги предизвикува тој регулатор - вие сте морале да забележите дека низ животот на секое општество јасно се бележи една силна и рамна линија“. Ова е дел од предговорот на антологиската комедија „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, која по пауза од повеќе од две децении, повторно се поставува на македонска сцена. Утревечер во Македонскиот народен театар во 20 часот, „Госпоѓа министерка“ ќе доживее нова, македонска премиера во режија на Наташа Поплавска и наедно ќе го означи театарскиот кам-бек на актерката Весна Петрушевска-Тренкоски, која ја толкува насловната улога, во својот матичен театар.



„Идејата да се постави повторно ’Г-ѓа министерка’ е на главната актерка во претставата, Весна Петрушевска, иако и во мене тивко тлееше желбата да го поставам ова антологиско дело“, рече режисерката Наташа Поплавска на вчерашниот прес, која во МНТ се враќа по пауза од пет години. „Делото на Нушиќ е вечно актуелно. Зборува за една рамна линија во општеството која гуши некои поединци. Но, и за храброста, што е и наша првенствена работа. Да бидеме храбри во она што го работиме во театарот. Особено во последно време, и особено во време на рецесија која навистина не гуши. Се она што ќе го видите во претставата се случува сега, но се случувало и пред два века. Отсекогаш постоела борба за власт, но и жени кои сакале да се искачат повисоко во општеството“. Поплавска истакна дека во оваа претстава има многу емоции и страст иако таа зборува за министерување, за нешто што го допира политичкиот живот. Дека е ова комедија која се надева ќе ја насмее публиката до солзи. „Сакам да ја гледам публиката насмеана“, рече Поплавска.



„Госпоѓа министерка“ во МНТ се играше од 1957 до 1987 година и оттогаш не е поставена на македонската сцена. Утрешната поставка, како што кажавме, ја враќа на театарската сцена актерката Весна Петрушевска-Тренкоски, која вели дека е уморна по напорните подготовки за претставата. „Имавме среќа со Наташа Поплавска да наидеме на одлична екипа, актерска особено и особено женските актерки од помладата генерација. Се радував на секоја проба, тие се бунтовни, издржливи, храбри. МНТ не треба да се грижи за кадарот кој што во моментов го има“, вели Петрушевска. „Сметам дека оваа претстава ќе привлече голем број на публика. Се работи за гледлива претстава, и покрај тоа што е исклучително тешко да се направи комедија“. Петрушевска истакна дека претставата конечно ќе ја насмее публиката зашто, вели таа, заборавивме да се смееме.



Во претставата овој пат го нема ликот на министерот Сима Поповиќ. Како што на шега на вчерашниот прес искоментираа актерите, „министерот го нема, зашто тој е на работа 24 часа“.

„Мислам дека овој проект ќе етаблира нова генерација на актери. Ова е комерцијален проект кој треба да донесе публика. Тоа не значи дека ќе се продадеме ефтино, да ја насмееме или расплачеме публиката по секоја цена. Ликовите во претставата се ликови од секојдневниот живот и се надеваме дека публиката ќе се препознае во нив“, вели актерот Сашко Коцев. Покрај Коцев и Весна Петрушевска, во „Госпоѓа министерка“ меѓу другите играат и: Александар Микиќ, Јелена Јованова, Славиша Каевски, Жаклина Стефковска, Нино Леви, Борче Начев, Емил Рубен... Сценографијата е на Татијана Блажевска-Христоска, која првпат работи сценографија во театар, а костимите се на Александар Ношпал. Музиката е на Биба Додева која првпат работи музика за театарска претстава, а нејзин е и изборот на шесте сонгови присутни во претставата кои ги пеат актерите. Визиите всушност, на госпоѓа Живка министерка, се вметнати во сонговите кои пак, го поврзуваат времето на минатиот век со денешното време.



Претставата, како што најавија авторите, е комерцијален проект кој се работи во копродукција со „Вртелешка“. Како што кажа Весна Петрушевска, „Вртелешка“ нема профит од оваа претстава, и по премиерата ја подарува на МНТ.


Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Работилница за танцот на кореографката Изабел Шад
Одличен прием на „Јас сум од Титов Велес“ во Франција
Осмото биенале на МСУ гостува во Приштина
Театарот е начин на живеење
Антони Мазневски изложува во Берлин
Свечено затворање на „Денови на македонска музика“
„Подземни соништа“ премиерно во Куманово
Приказна за тајната
СВП ги промовира годинешните лауреати во Париз