Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Белгија не може да формира влада

Франкофонските политичари минатиот месец јавно ја изнесоа идејата за распаѓањето на државата


БРИСЕЛ - Белгиските преговори за создавање коалициска влада по изборите во јуни, во понеделникот повторно пропаднаа, бидејќи политичарите што зборуваат холандски и француски јазик не успеаја да се договорат за фундаменталните реформи на државата.

Лидерот на фламанската националистичка партија Н-ВА, Барт де Вевер, кој е апсолутен победник на изборите, ги прекина разговорите, изјавувајќи: „Треба да ја расчистиме масата, да го вратиме времето назад на нула и да се обидеме да почнеме отпочеток“. Вевер, кој сака повеќе овластувања на ниво на заедницата, категорично ја насочи вината за пропаѓањето пред вратата на франкофоните. „За суштинското прашање за Фламанците, не добивме задоволувачки одговор или тој одговор беше негативен“.

Вевер даде изјава откако им постави ултиматум на франкофоните да ги прифатат барањата за поголема фискална автономија до понеделникот.

Франкофонските политичари го осудија унилатералниот чекор на Де Вевер. Социјалистите, Централнодесничарската партија (ЦДХ) и Партијата на зелените (Еколо), ја опишаа одлуката како „неодговорна“ и „штетна за сите граѓани на нашата земја“. Тие, исто така, ја отфрлија вината за неуспехот на разговорите. „Сите партии на преговарачката маса освен Н-ВА во минатото и во текот на овие последни недели, покажаа способност да постигнат компромис за реформи на државата, што значи да се има храброст да се прават заемни отстапки“. Трите партии, исто така, прашуваа дали Н-ВА стравува дека би можело да се покаже дека „нивните барања финансиски би ја задушиле федералната држава и би наметнале фундаментална закана за општествената безбедност“.

Другите фламански партии учесници во преговорите, исто така, го критикуваа Де Вевер. Фламанскиот дневен весник „Де морген“ пишува дека централната десница (ЦДиВ), социјалистите (СПА) и Партијата на зелените (Гроен) се против предлогот на Вевер за враќање на почеток во преговорите.

Белгија е поделена на побогатиот регион каде што се зборува холандски - Фландрија, кој сака повеќе овластувања за заедниците и регионот кој е зависен од субвенции и каде што се зборува француски - Валонија, кој стравува дека децентрализацијата значи економска загуба.

Во постизборните разговори меѓу седум политички партии фокусот беше ставен на три прашања - иднината на франкофонските населби во Брисел што се наоѓаат во Фландрија, каде што се зборува холандски (ова прашање предизвика паѓање на последната влада во април), нов федерален закон за финансирање и рефинансирање на престолнината на земјата, Брисел. Претстојните шести државни реформи од 1970 година уште повеќе ги изразија длабоките поделби меѓу двете страни, при што франкофонските политичари минатиот месец јавно ја изнесоа идејата за распаѓањето на белгиската држава, тема што вообичаено се чува за фламанските политичари.

Сега белгискиот крал треба да именува нови главни преговарачи за разговорите, по четврти пат од јуни. Иако коалициските разговори сега влегуваат во 114 ден од изборите, тие траат подолго од речиси девет месеци колку што беа потребни за последната рунда разговори за формирање влада.

Проблемите во земјата се во центарот на вниманието, бидејќи Белгија моментно се наоѓа на чело на шестмесечното претседателствување со ЕУ. Разговорите, исто така, се одраз на општата дебата на европско ниво, за солидарност меѓу побогатите и посиромашните региони и земји. Додека преговарачите и натаму се конфронтираат, а земјата е во рацете на привремената влада, аналитичарите се' повеќе укажуваат на слабата економска ситуација во Белгија. Нејзиниот јавен долг се очекува да достигне 100 отсто идната година. (ЕУ обсервер)


#
Статијата е прочитана 347 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Убиени германски милитанти во Пакистан
Европа загрижена од екстремизмот
Војник танцувал пред врзана Палестинка
Холандски популист на суд
Чилеанските рудари ќе видат бел ден наскоро
Студирале празнење туѓи сметки
Полицајци лажирале сообраќајки
Тадиќ му го зеде орденот на Легија






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia