Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Холандски популист на суд

Герт Вилдерс се товари и за поттикнување омраза против муслиманите

Герт Вилдерс би можел да прерасне во нова силна фигура на политичката сцена на Холандија. Но, претходно тој ќе мора да одговара пред суд.

Слики од 11 септември, од терористичките напади во Мадрид и во Лондон и од убиството на холандскиот режисер Тео ван Гог. Сето тоа проследено со цитати од Коранот, во кои поради несоодветниот превод, се повикува на насилство против немуслиманите.

Згора на тоа, снимки од проповедници кои шират омраза, а во основа тажна музика од Едвард Григ. „Фитна“, дваесетминутниот филм на Герт Вилдерс завршува со апел, испишан со бели букви на црна основа.

„Во 1945 година, во Европа беше победен националсоцијализмот. Во 1989 година Европа го победи комунизмот. Сега мора да се победи исламската идеологија“.

Филмот „Фитна“ го донесе Вилдерс на обвинителната клупа. Но, тоа не беше се'. Меѓу другото, и изјавите како:

„Нашата култура, која се заснова на христијанството, еврејството и на хуманизмот, е подобра отколку заостанатата исламска култура“, смета Герт Вилдерс.

Уште една изјава за која се товари Вилдерс е изнесена во интервју за весник. При отворањето на процесот против него, во почетокот од годинава, таа беше прочитана од државниот обвинител:

„Коранот, тоа е ’Мајн кампф’, религија што е насочена кон тоа да ги елиминира останатите, немуслиманите, односно ’неверните кучиња’“.

Поради тоа, во обвинителниот акт против него стои ширење омраза против исламските верници. Освен тоа, Вилдерс се товари и за навреда на група граѓани, како и за поттикнување расна омраза против Мароканците и останатите народи, кои не потекнуваат од Запад. Меѓутоа, обвинетиот не се смета за виновен по ниту една точка. Нему му е најважно следното прашање:

„Дали моите изјави и споредби се точни? Ако нешто е точно, како може да е казниво?!“

На шефот на Партијата за слобода му се заканува затворска казна од една година доколку биде осуден. Меѓутоа, сосема е извесно дека Вилдерс ќе го искористи процесот против него за да се претстави себеси како жесток поборник за слобода на мислењето:

„Разочаран сум од тоа што морам да одговарам пред суд во исполитизиран процес за работи што ги реков околу исламот, а што ги мислат и милиони други во Холандија. Сето тоа оди на штета на слободата на мислењето. Тоа сега ќе биде жртвувано на олтарот на исламот, што е многу тажно“, смета Вилдерс.

Процесот почна во понеделникот, а предвидено е судот да заседава осум пати. Конечната пресуда треба да биде донесена на 4 ноември. Дотогаш власта треба да ја преземе и новоизбраната холандска влада, која е упатена на поддршка од Герт Вилдерс. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 349 пати.

Испрати коментар

Од: Pirinec
Датум: 06.10.2010 13:42:24
Covekot e sosema vo pravo. Slobodata na zborot e nad se !

Најди! во Утрински
Свет
Убиени германски милитанти во Пакистан
Европа загрижена од екстремизмот
Белгија не може да формира влада
Војник танцувал пред врзана Палестинка
Чилеанските рудари ќе видат бел ден наскоро
Студирале празнење туѓи сметки
Полицајци лажирале сообраќајки
Тадиќ му го зеде орденот на Легија






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency