Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Свет

Студирале празнење туѓи сметки

Студенти од поранешните советски републики преку Интернет ограбувале граѓани и цркви во САД

МОСКВА - Американската полиција уапси уште шестмина студенти од Русија, кои со помош на Интернет чистеле туѓи банкарски сметки. Рускиот конзул во Њујорк потврди дека досега се уапсени 11 руски студенти, кои биле во голема група хакери од подрачјето на поранешните советски републики. Американската полиција на потерница ставила фотографии од 37 лица, од кои дури 26 се од Русија. Осомничените се млади луѓе на возраст од 20 до 25 години, и сите влегле во САД како студенти или лица што дошле на разни специјализации. На обвинетите им се заканува затворска казна од 10 до 30 години.

Засега не се знае кој ги ангажирал студентите да се занимаваат со оваа валкана работа. Тие го користеле вирусот „зевс тројан“ и со негова помош влегувале во туѓи компјутери. Благодарение на тој вирус, доаѓале до податоците што им биле потребни за да можат да симнуваат пари од нивните банкарски сметки. Инаку, со тој вирус биле заразени компјутерите на пет американски банки. „Зевс тројан“ бил модофициран во однос на оној што се појави во почетокот на 2007 година. Хакерите испраќаа писма и кога корисниците на компјутери го отвораа вирусот, тој почнувал да „копа“ по поштата, па крадците доаѓаа до потребните податоци за банкарските операции.

Задачата на уапсените била да ги префрлат парите од САД во странство. Жртви на хакерите биле мали компании, приватни лица, па дури и цркви. Секоја група имала свој лидер. Кај руските студенти тоа биле Артјом Семјонов и Артјом Циганков. Интересно е тоа што меѓу осомничените има и многу девојки. Колку се засилиле хакерите е доказ и тоа што еден од нив на рускиот сајт „од истиот клас“ на своите сонародници им испратил слика од Америка каде што се сликал пред компјутерот на кој во круг наредил долари.

Руските и други хакери се товарат дека од туѓи сметки симнале три милиони долари, меѓутоа се сомнева дека таа сума е неколку пати поголема. Освен Руси, во таа хакерска акција учествувале граѓани од Украина, Белорусија, Холандија, Велика Британија и од САД. (Б.В.)




#
Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Убиени германски милитанти во Пакистан
Европа загрижена од екстремизмот
Белгија не може да формира влада
Војник танцувал пред врзана Палестинка
Холандски популист на суд
Чилеанските рудари ќе видат бел ден наскоро
Полицајци лажирале сообраќајки
Тадиќ му го зеде орденот на Легија






EU to move ahead on Serbia accession, add tough conditions
Bulgaria's landmark anti-mafia case unravels
Hungary waters down procurement rules for EU presidency