Тадиќ му го зеде орденот на Легија
Белград - Српскиот претседател Борис Тадиќ донесе одлука за одземање на одликувањата на некогашните челници на Единицата за специјални операции (ЈСО).
Без ордени ќе останат Милорад Улемек Легија (42), поранешен командант, Милорад Брацановиќ (55), заменик-командант задолжен за контакт со ДБ, Душко Маричиќ Гумар (40), последен командант и капетанот Ненад Бујошевиќ-Рамбо (41), дознава „Блиц“. |