Полицајци лажирале сообраќајки
Прага – Против група од 14 полицајци и 157 други луѓе се поднесени кривични пријави за лажирање сообраќајни несреќи и извршени кражби во автомобили, соопшти денеска портпаролката на чешката полициска инспекција, Мартина Лидлова.
Лицата во организирана акција со „фингирање на сообраќајки“ кај повеќе осигурителни компании предизвикале штета во висина од 1,2 милиона евра. Полицијата соопшти дека во текот на неколкугодишната истрага се документирани повеќе од 200 случаи. (МИА) |