Европа загрижена од екстремизмот
Стразбур - Парламентарното Собрание на Советот на Европа изрази загриженост за појавата на различни форми на екстремизам во Европа, посебно на расизмот и на ксенофобијата, со оглед на зголемената изборна поддршка дадена на политичките партии, кои се инспирирани од овие идеи. Членовите на ПС на СЕ бараат изработка на меѓународен правен механизам за да се стави крај на сите форми на финансиска поддршка на екстремистичките групи и да се наметнат кривични казни предвидени со законодавствата против јавното поттикнување насилство, расна дискриминација и нетрпеливост, во што се подразбира и исламофобијата. |