Број 3277  сабота, 08 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Бугарија не треба „дополнително“ да ги признава Македонците

Од нашиот дописник Тони Гламчевски

Стразбур - Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) го поздрави напредокот на Бугарија од 2000 година до денес, во однос на обврските преземени со членството во Советот на Европа. Но, во резолуцијата беше усвоена на 30 април, сепак, констатира дека „постојат извесен број проблеми и загрижувачки тенденции“ во однос на функционирањето на судскиот систем, борбата против корупцијата и почитувањето на правата на малцинствата. Резолуцијата беше усвоена по дебатата што се водеше во рамките на постмониторинг дијалогот со Бугарија, при што ПС на СЕ изрази жалење што Бугарија, со цел да ги задоволи стриктните рокови за зачленување во ЕУ, изврши само „површни“ реформи, особено реформите во правосудната област и во уставот.

До Бугарија е испратена серија прецизни мерки што треба да ги усвои, а кои прифати да ги направи кога стануваше членка на Советот на Европа, додека од бугарскиот парламент е побарано да одржи дебата за извештајот, кој беше претставен во Стразбур. Во извештајот на украинскиот парламентарец, Серхиј Холовати, ПС на СЕ повторно се задржува на нерешениот случај со регистрацијата на партијата на непризнатото македонското малцинство во Бугарија, ОМО „Илинден“- Пирин и најновиот развој на ситуацијата, откако Комитетот на министрите на Советот на Европа затвори еден од предметите како решен.

Во извештајот уште еднаш е нагласено дека според официјалните податоци, во Бугарија живеат околу 5.000 лица, кои самите се изјасниле како Македонци и дека постојат повеќе извештаи што зборуваат за кршење на правото на слободно собирање и здружување на оваа етничка група. Холовати жали што поради неговата оптоварена програма не успеал да се сретне со претставниците на оваа малцинска група. Тој ја пренесува изјавата на бугарските власти дека од изјаснетите 5.017 лица како Македонци, само 3.109 изјавиле дека македонскиот јазик им е мајчин и со оглед што овие податоци се јавни, бугарските власти немаат потреба да го поддржат тоа со друг акт на „додатно“ признавање!

Според бугарското министерство за надворешни работи, лицата што им припаѓаат на религиозните, јазичните и етничките малцинства, вклучувајќи ги и оние што се сметаат за „Македонци“ (ставено во наводници) ги уживаат сите слободи и права гарантирани за бугарските граѓани, без каква било дискриминација. Во мислењето на Венециската комисија во однос на бугарскиот устав беше изразена загриженост поради можноста да се користат определбите од уставот за да се спречат малцинските јазични, етнички или религиозни групи да се организираат и предложи да се изменат овие уставни определби, со цел тие да бидат помалку категорични и да изразуваат поотворено однесување кон малцинствата, посебно со зборовите што се користат во уставот.

Не случајно во усвоената резолуција на ПС на СЕ се бара од Бугарија да ја потпише и да ја ратификува Европската повелба за регионалните и малцинските јазици, за што бугарските парламентарци побараа нивната земја да биде изземена, на што добија едно категорично „не“ од паневропската асамлеја. Од Софија беше побарано да се погрижи и за подобрување на положбата на малцинствата и за почитување на нивните права, посебно во учењето на нивниот јазик и промовирање на нивната култура и идентитет и фаворизирање на меѓукултурниот дијалог, како и застапеноста на малцинските групи во полицијата и државната администрација на Бугарија.

До Бугарија е испратен и повик да преземе конкретни мерки за фаворизирање на трпеливоста и заемното почитување и да се охрабрат политичарите на примерно однесување во поглед на проблемите поврзани со човековите права и да ги отстранат говорите на омраза и расизам. Постмониторинг дијалогот со Бугарија продолжува, но изненадува тоа што македонската парламентарна делегација не учествуваше во дебатата, откако на почетокот на сесијата го „бомбардираше“ комесарот за човекови права, Томас Хамарберг, со прашања за положбата на македонското малцинство во Бугарија и во Грција. Македонските парламентарци во петокот веќе беа отпатувани од Стразбур. Веројатно кога ги резервираа нивните авиобилети, не знаеја дека дебата ќе биде префрлена од четвртокот за во петокот изутрината. Од друга страна, турските парламентарци ги бранеа правата на нивното малцинство во Бугарија, покрај нивните дискусии и со амандмани.


#
Статијата е прочитана 1844 пати.

Испрати коментар

Од: Малку историчар
Датум: 03.05.2010 08:01:40
Никако овие Бугари, наши соседи од хоногусрко (несловенско) потекло да се помират со фактот дека изворно припаѓаат на друга етничка група на народи која со времето со силна умствена и на повисока културна поддршка на македонските племиња (Македонците) станаа или се претопија во Словени забаравајки на нивните славни корени од хановите (а сега тие пак тврдат дека ги “претопиле“ Македонците и станале Бугари). Иронија и глупост до бескрај. Но ова е XXI век. Бугари, надраснете се или ќе останете замаени и закоравени во сопствениот ум.
Од: Atanas
Датум: 03.05.2010 10:32:44
Istoricare, Nacionalniot identitet nema vrzka so genetskiot kod! Se e prasanje na samoopredeluvanje i nacionalnost. Drugoto se gluposti i manipulacija, a nekos i rasizam. Ne moze genetskiot kod na Makedoncite da se razlikuva ot tozi na drugite balkanski narodi. Site se izmeseni.
Од: Мила Македонијо
Датум: 03.05.2010 11:04:26
Штета што кај нас има луѓе како -Митко-како -Тим-како еден писмен потпишан со подмукло име -ЈАС-уште бараат Бугари во македонските дејци и борци и во македонскиот народ наместо обратно. А бе луѓе во Македонија има 2000 Бугари ама во Бугарија една третина од населението е со македонски корени. Затоа не се дозволува регистрација на македонска партија, веднаш македонска партија во Бугарија ќе добие 300.000 гласа.
Од: istoricar
Датум: 03.05.2010 11:37:58
abre malku istoric ni malku nesi nistoricar toa sto go tvrdis nikade go nema vo istoriski izvori citasv premnogu partiska(vmro)literatura.
Од: Процент
Датум: 03.05.2010 11:58:04
За учество на избори не мора да има регистрирано партија.Ако има 300000 Македонци во Бугарија нека одат со независна граѓанска листа.Малку повеќе реалност.
Од: kiril_veles
Датум: 03.05.2010 15:05:29
ete gledate kolku lugje vo bugarija se izjasnile kako makedonci po nacionalnost i toa na sloboden i demokratski i evropski popis na naselenieto znaci 5.000 (pet iljadi) a so majcin jazik makedonski 3.000 (tri iljadi). a normalno e deka edna tretina od naselenieto na bugarija deka e so makedonsko poteklo od oblasta makedonija no site tie se izjasnile po nacionalnost bugari zatoa sto makedoncite vo bugarija se del od bugarskiot narod. a ke se vidi na naredniot popis vo makedonija slednata godina kolku naselenie ke se izjasni kako bugari se ima sigurni soznanija deka samo vo vo veles i velesko preku 5.000 (pet iljadi ) luge se vo momentov spremni da se izjasnat kako bugari a kolkava ke bide vkupnata brojka na bugari vo cela makedonia ke vidime slednata godina neli
Од: Малку историчар
Датум: 03.05.2010 15:40:40
Атанасе, според тебе и Китајците како ги нарекувате, заради нивниот генетски код за кој мислите дека не е важен, можат некогаш да станат Бугари. Неиде.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Сашко Ѓ. Димовски
Поглед
Оливера Војновска
Македонски состојби
Манчо Митевски
Мислења
Филип Петровски
Мислења
Александар Шољаковски

Ева Мендез
Ги обожава своите облини