Број 3078  петок, 04 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница
Кој ќе ни стави вето во ЕУ?

Грција е во изборна треска, каква реална тежина имаат заканите од Атина

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска



Брисел - Одлуката на грчкиот премиер Константин Караманлис да свика вонредни парламентарни избори додека Европската комисија се подготвува да предложи датум за преговори со Македонија ја исфрла во прв план дилемата - кој ќе ни стави вето и каква реална тежина имаат сега заканите во Брисел на актуелната грчка влада?

Бидејќи целата ситуација е хипотетичка, одговорот може да се побара само во агендата на Унијата, односно најавите кога таквиот предлог на ЕК би се нашол пред расправа и во процената има ли време Атина политички да се консолидира.

Еврокомесарот Оли Рен завчера потврди дека следниот извештај на ЕК за прогресот на Македонија ќе биде објавен за шест недели, што значи дека во средината на октомври, ако се' уште има расположение за тоа, Македонија може да добие предлог за започнување преговори. Предлогот вообичаено треба да го помине филтерот на министрите за надворешни работи, а првиот можен состанок за тоа е на 26 октомври, па и одлуката може да финишира по брза постапка на вонредниот самит закажан за 29 октомври. Ако сака ЕК да ја фати Грција на „спиење“ или ако сака Атина да си најде излез од ветото, таквото сценарио би било најповолно, бидејќи има големи изгледи новата грчка влада да не се формира толку брзо и лесно.

Второто сценарио е евентуалниот предлог за преговори со Македонија да стигне на ноемврискиот или декемврискиот состанок на министрите за надворешни работи, а одлуката да се носи на самитот на ЕУ на 10 или 11 декември, што во моментов е многу поверојатно. Дотогаш Грција сигурно ќе добие нова влада, а ако тоа е ПАСОК, ќе ја има неблагодарната задача да ја исполни заканата на Нова демократија, освен ако не се реши за нова политика спрема Македонија или дотогаш не го реши спорот со нашата држава. Ако на власт и натаму е Нова демократија, очекувањата се дека нејзината позиција во парламентот ќе биде уште послаба отколку досега, во смисла дека ќе мора да прави коалиција со екстремната партија Лаос, така што ветото во таква ситуација не ни бега, но со сериозни последици не само за нас, туку и за таквата грчка влада.

Иако тоа никој не го кажува јавно, сепак, станува јасно дека Брисел има се' помалку трпение и разбирање за политиката на Караманлис кон Македонија и дека решение на спорот и поголема флексибилност од нивна страна бараат не само од ЕУ, туку и од НАТО.

Неодамна генералниот секретар на НАТО, Расмусен, дипломатски, но доволно остро и' ставил до знаење на Атина дека очекува попустливост околу спорот, а и од ЕУ и од Алијансата се' почесто се слуша реченицата дека билатералните проблеми веќе не се билатерални и дека стануваат европски проблем. Тоа го кажа еврокомесарот Оли Рен завчера во ЕП, а истиот ден и Расмусен на прес-конференцијата во НАТО повтори дека не сака билатералните спорови да се одразуваат на работата на Алијансата. Самоувереноста со која еврокомесарот Оли Рен навестува можни преговори со Македонија, сепак, не може да биде случајна, а што стои зад неа е прашање кое ги збунува сите во Брисел кои на некаков начин се инволвирани во процесите околу Западен Балкан.


#
Статијата е прочитана 1362 пати.

Испрати коментар

Од: Оли Јулчовски-Струмица
Датум: 04.09.2009 08:34:22
Ветото е ставено со самото даогане на власт на Вмровците со најмалиот од фамилијата Далтонови - Џо.Се додека овије ја кројат нашата судбине,Не ни се пишува добро.Незнам само коге конечно ке му дојде крајот на оваа Вмровско едноумије во каква состојба ке е Македонија и кој од граганите ќе успеат да орстана.Нека ни е со срека.
Од: Marijana
Датум: 04.09.2009 09:27:46
Ne e Konstantin, tuku Kostas, negoviot predok bese Konstantinos Karamanlis
Од: MAKEDONCE
Датум: 04.09.2009 09:59:38
SAMO EDNO KE RECAM DA NE BESE GRUJO I VMRO MAkedonija ke ja nemase na karta poveke a da ne zboruvame za makedonska nacija i jazik i istorija..napred vmmro sto pobrgu da se postavi spomenikot na aleksabdar makedonski...vecna makedonija
Од: читателка
Датум: 04.09.2009 10:01:00
оли, да беше СДСМ досега името ке беше продаено и сигурно ке немаше вето во тоа сум согласна со тебе.
Од: pero
Датум: 04.09.2009 11:32:29
VMRO-vcite...nikoj drug!!!!!!!????????????
Од: stevo
Датум: 04.09.2009 12:32:23
Napred Gruevski so tebe sme cela Makedonija
Од: citatel
Датум: 04.09.2009 13:05:01
Ne mi e jasno sto toa nie imame so Aleksandar Veliki, a pogotovo sto ima DPMNE so nego. Pa zaradi tie gluposti nasite megjunarodni projateli ne naustija, velejki: pa i vie ste bile isti so Grcite, primitivni nacionalisti, pa togas resete si go sami problemot, nie ve napustame. Ne e cudno togas sto Grcija uspea da nametne Veto vo Bukurest!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.09.2009 13:21:49
Насловот мие некако симптоматичен т.е двосмислен, ако авторот има ироничен приод о.к но ако се жали зашто од презафатеност од избори нема кој да стави вето тогаш мора да има нешто со мазохизмот.До оли(мали букви поради мал ментален склоп) не се работи тука за ВМРО и СДСМ се работи за државата и нејзиниот просперитет.Овој повеќе го мрази ВМРО отколку што ја сака СДСМ,па мој совет е да се угледа на земјакот Зае�� во однесувањето.Барем малку сенс кога се работи за државата.Не ти личи улогата на Таличниот Том,непријателот на Далтонови,повеќе личиш на недокваканиот пес од истоимениот стрип.

Најди! во Утрински
Втора страница
Вербатим
Хигиена, ами како
Изборите во Грција ја релаксираа Владата во Скопје
Баросо вели дека Комисијата не може да ги спречи блокадите