„Посебно внимание посветуваме на хигиената и чистотата во општината, за чија цел ангажиравме 80 сезонски работници“. Вака го започна својот отчет Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба, за она што го сработил досега откако седна на градоначалничката фотелја. Зар воопшто треба да се споменува одржувањето на хигиената како сработен проект кога и малите деца знаат дека хигиената треба да се одржува секојдневно.
Граѓаните на оваа скопска општина се' уште имаат реални проблеми со водоводи, фекални и атмосферски канализации, недостиг од нови училишни објекти, амбуланти, пошти, аптеки, зелени пазари, топлификациона мрежа, уредени паркови, детски забавни катчиња, клупи, осветление, асфалтирани улици... Многу проблеми за решавање и многу работа за еден млад градоначалник. Зар не е поумно да ја искористи својата младост и енергијата и да одработи многу повеќе од својот претходник наместо да вели дека работел со ист интензитет како Коце Трајановски. Затоа подобро е додека се' уште има време да ги засука ракавите и да премине во решавањето на капиталните проблеми на оваа индустриска општина.
Завчера се пофали дека ќе гради стадион во селото Трубарево, а претходно спомена дека во урбаниот дел на населбата Железарница основното училиште на чие име не можеше да се сети се' уште опстојува во стари бараки и дека се прават напори да се најдат пари за изградба на нов објект. Зар не е очигледно каде најпрвин треба да се насочат парите, бидејќи се' почнува од образованието. И спортот и спортувањето се важен сегмент во животот на луѓето, но не е најважното нешто за кое еден градоначалник треба да излезе пред јавноста и да се пофали дека отворил и затворил мали олимписки училишни игри.
Bi sakal da ja pokanam Vasata pocituvama redakcija da ja poseti nas.Avtokomanda i da vooci edna , bezmalku smesna situacija:
Okolinata na zgradata vo koja zivee gradonacalnikot Trajanovski e prekrasno ureden park so zelenilo, treva koja sekojdnevno se sisa, se cisti, zaleva, so ureden asfaltiran parking-prekrasno! No ovo isto vreme, istata takva zgrada otsprotiva , e so zapusten trevnik, bez niedno drvo, valkana , bez parking, pa stanarite gi parkiraat vozilata vo prasina i voopsto e mnogu grda slika. Trajanovski predvidenite sredstva gi nasocuva samo za ureduvanje na svojot dvor , kratejki od drugite. Vo toj slucaj treba da go narekuvame "Zgradonacelnik" ????
Од: koki
Датум: 04.09.2009 16:00:44
Neiziveanost toa ti e, aj da se nadevame deka ke im pominat brzo ovie detski bolesti se ucat nema sto!?!.?