Изборите во Грција ја релаксираа Владата во Скопје
Решавањето на спорот за името се одложува на неодредено време
Соња Крамарска
Предвремените парламентарни избори во Грција вчера не ја вознемирија македонската Влада, туку, напротив, како да го релаксираа амбиентот во Кабинетот на премиерот Никола Груевски.
Тој спокојно разговараше со членовите на кошаркарската репрезентација пред нивното заминување на Европско првенство во Полска, а во парламентот, пак, пратениците на владејачката партија беа зафатени со давање изјави за лустрацијата.
Накратко кажано, мирен политички ден во Скопје додека 700 километри појужно во Атина се случуваат вистински политички турбуленции. Премиерот Костас Караманлис, по прексиноќешното обраќање до јавноста, речиси истовремено кога држеше митинг неговиот главен политички ривал Јоргос Папандреу, вчера се упати кон претседателот Каролос Папуљас од кого побара да го распушти парламентот и да распише предвремени избори. Најверојатниот датум за изборите е 4 октомври.
Што ќе значи тоа за преговорите за името и воопшто за македонските интеграции кои се блокирани од страна на јужниот сосед поради одбивањето на нашата земја да го смени уставното име Република Македонија?
Тоа е прашање што, по се' изгледа, никого не го вознемирува и не само тоа, туку вестите што доаѓаа вчера и завчера од грчката престолнина и' обезбедија силно политичко алиби на македонската Влада за развлекување на преговарачкиот процес.
Владата е во очекување да добие датум за почнување преговори за членство на Македонија во ЕУ и сите надежи се свртени кон претходно добивање позитивен извештај за степенот на напредокот на земјата во изминатата година. Вториот момент е укинувањето на визниот режим што премиерот и Владата сметаат дека ќе придонесе за подобрување на расположението кај граѓаните.
Оттука и привидната незаинтересираност за случувањата во Атина. Портпаролот на македонската Влада, Мартин Мартиновски, вчера во телефонски разговор кусо ни рече дека „нема насоки да зборува за што било во врска со предвремените избори во Грција“. Очигледно е дека тие не се тема за анализа на Владата во Скопје.
Независни аналитичари, пак, изразуваат загриженост дека изборите во Грција можат да доведат до застој во преговорите и до одложување на можното решение на спорот. Стево Пендаровски, доцент на Американ колеџот во Скопје, вели дека меѓу Македонија и Грција постои џентлменски договор за време на изборна кампања во која било од двете држави преговорите да мируваат.
„Доколку победат опозициските с��цијалисти, кои сега имаат предност во анкетите, тогаш мирувањето на преговорите може да потрае подолго, бидејќи ќе им треба време за приспособување со оглед на тоа дека се во опозиција од 2004 година“, вели Стево Пендаровски.
Партијата на грчкиот премиер Костас Караманлис, Нова демократија, победи два пати на избори и тоа во март 2004 година и во септември 2007 година. При преминот од еден во друг мандат во 2007 година, бидејќи се работеше за иста партија на власт, речиси и немаше празен простор, што е вообичаен за приспособување на нова влада. Меѓутоа, сега, предноста на опозициските социјалисти од 6 проценти во анкетите и антивладиното расположение се индикатор дека кај нашиот јужен сосед наскоро би можело да дојде до смена на власта.
Иако македонската Влада не прави анализи на развојот на политичката ситуација во Грција, тамошните настани можат да доведат и до поголем застој во преговорите, бидејќи во март следната година завршува мандатот на претседателот Каролос Папуљас. Евентуалниот неуспех да се избере претседател на Грција во март според нивниот устав ќе доведе до ново распуштање на парламентот и нови вонредни избори.
Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во некој од следните месеци до крајот на годинава треба да даде одговор на прашањето дали Македонија ако добие позитивен извештај од Европската комисија, ќе добие и датум за преговори, и најсуштинското прашање - дали новата влада на Грција ќе има време да организира второ вето кон нашата земја. (С.К.)
Pa redno bese i Grcite malku da go relaksiraat Grujo, zatoa sto toj niv postojano gi relaksira so nepotrebni izbori i so imenuvanje na patista i stadioni i pravenje na spomenici na grcki heroi. Sekoj negov poteg gi relaksira Grcite zatoa sto znaat deka ke umeat skapo da go naplatat vo svoja korist za vreme na pregovorite za imeto.
Од: Стеван
Датум: 04.09.2009 00:22:11
Не ми е јасно, какви анализи може да прави владата 12 саати откако беше објавено дека ќе има избори? Грција нема да преговара додека има избори, како ќе течат преговорите после тоа. ќе зависи од тоа кој ќе ја формира новата влада. Никако не можам да разберам зошто мерите со штоперица кога ќе реагира македонската влада?
Од: Трпе, Кривогаштани
Датум: 04.09.2009 00:36:33
Прашањето ми до новинарката Крамарска: Како вие новинарке Крамарска знаете дека Владата не прави анализи за тоа што се случува во Грција или само инсинуирате со вашите написи и им ги заслепувате очите на луѓето?
Многу ви се провидни статиите така да и мало дете ќе ви ги види и ќе ви се исмее.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 04.09.2009 01:24:35
Populistichkata propaganda pri osvojuvanje na vlasta go predstavi Grujo kako golem patriot, koj nikogash nema da popushti pred grcite. No vo politikata se pravi mozhnoto, a ne sakanoto. Sega mu ostanuva samo da se moli na boga i da se nadeva deka amerikancite ili evropjanite kje izvrshat pritisok vrz grcite.
Од: UnforgivenUS
Датум: 04.09.2009 05:25:57
Komentar po povod glasinite oti spomenikot na Aleksandar Makedonski nema da se postavi po baranje na EU:Ako spomenikot na Aleksandar Makedonski ne se postavi na ploshtadot vo Skopje togash sme go "obrale bostanot". "Ke ne nemit" kako sto velat Ohrigjani.
Jas apeliram do site Makedonci vo rodnata grutka zemja kako i na site nas vo dijasporata da se borime do poslenda kapka krv za da spomenikot se postavi. So toa ce im stavime noz vo grlo na Grkjanite! Imeto Makedonija ce bide nase! Za sekogash!
Vprochem, dojdete vo Amerika pa ke vidite: Na sekoe mesto ima spomenik na George Washington tatkoto na nacijata, stho za mene e mnogu ispraven patriotski poteg. Heroite izumiraat, dodeka spomenicite ostanuvaa vecno da zboruvaat za istorijata na zemjata. Razmislete site! Nemozam da vi opisham kolku e bitno da ima spomenik na Aleksandar Makedonski na Ploshatadot vo Skopje. Toa ce prestavuva krstenica za imeto na zemjata. Turisti od cel svet ce doagjaat da go posetat i da mu se poklonat. Veruvajt
Од: Оли Јулчовски-Струмица
Датум: 04.09.2009 08:44:17
Зарем мислевте дека досега Вождот многу се секираше за проблемот со името?Како не,Тој единствено размислува како да ја дотолче опозицијата и најмногу добива несоница ако рејтингот му падне,макар за еден процент,Е тогаш се вади списокот на Ана четири пиштолја(МВР) и во
зависност колку му е паднат(рејтингот) се бира жртвата која ке оди на одмор во Шутка.
Од: Valerija
Датум: 04.09.2009 08:45:16
Do UNFORGIVEN i site kako nego: em vi se prazni glavite, em sakate um da prodavate. Indoktrinirani do besvest,dlaboko indolentni vo svoeto neznaenje i nekadarnost, preferirate da gi ubedite normalnite Makedonci (fala mu na Boga, gi ima uste nekolku) deka poteknuvaat od eden psihoticen homoseksualec i krvolocen ubiec. So kradenje istorija ne se stanuva drzava, more abdali portokalovi! Only the wise nations know that history
is not a story-book with removable pictures. Skokajte sami vo ambisot, ovci... Nie drugite sme
gragjani na Makedonija i na svetot.
Од: pilif
Датум: 04.09.2009 09:33:07
Hahahaah....Sakav i jas da iskomentiram... Ama Valerija sekoja cest....Se e kazano...Bravo
Од: јас
Датум: 04.09.2009 10:48:15
До UnforgivenUS ! Ај батка седи си таму во Америка и чути си , барем попаметно тогаш изгледаш...Немој , како и сите кои ја напуштиле и избегале од оваа грутка земја , викана Македонија,да ни солиш памет што да правиме! Дали ти прифаќаш да правиш се' она што комшијата или некој од соседниот град ти рекол да направиш!? Секако НЕ ! Ти најдобро си знаеш што треба дома да правиш и ич рецка не му удираш на соседот..Така , седи си таму , грицкај си ги доларчината и друг пат , ако си навистина Македонец по род, напиши го твоето македонско има ( макар и измислено ) а не UnforgivenUS...
Од: MKD
Датум: 04.09.2009 10:59:10
Do Valerija: Makedonija propagjala i propagja tokmu poradi vakvata omraza na se sto e Makedonsko. EDUCIRAJTE SE POVEKJE, PA POSLE NAVREDUVAJTE GI SVOITE (ova dokolku navistina se cuvstvuvate kako Makedonka). I ne razbiram zosto se mesha portokalovata boja so MAKEDONIJA I MAKEDONSKIOT NAROD. Makedonija postoela i pred site vestacki dobieni boi. Makedonija kje postoi i posle vas. Smirete si gi emociite na omraza i ocigledna frustracija od neukost i mozhebi kje pocnete da si go sakate narodot, zemjata od kade poteknuvate i nejzinata istorija... povtoruvam, dokolku navistina se cuvstvuvate kako Makedonka.
Од: Трпе.
Датум: 04.09.2009 11:41:21
Како му се нареди на мистер Рејтинг,тоа ти доаѓа како ќец на деветка.И на господин господин Стефан да се молеше така немаше да му се среди да се релаксира.Е тоа ти се вика среќа ако не другоА вие македонски народе надевајте се ко магаре додека да стигне до зелена трева.
Од: tebe
Датум: 04.09.2009 15:15:19
za imeto se e dogovoreno samo se ceka povolen moment za dvete strani .razlikata megu niv i nie e sto vremeto rabotinza niv
Од: bubica
Датум: 04.09.2009 16:58:11
Znaci se e svedeno na omraza i dusmanluk,trgnuvajki od tekstot preku komentarite na prethodniVe i na krajot kako kapak samo da mozeme da se ispokoleme?.Prasajte go premierot dali ke mu isprati barem moralna podrska na nasite od VINOZITO a za druga pomos vo izbornata trka vo Grcija ne ni pomisluvam,i ako ima mazi vo MK da otidat vo toj predizboren period i da mu pomognat na Vinozito,e toa bi bila vistinska rabota se drugo e mlatarenje prazna slama.