Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Поблиску до Европа, подалеку од Ататурк

Во неделата во Турција се случи пресметка на модернизираниот ислам контра коруптивниот секуларизам

Димитар Чулев


Поделени се мислењата колку неделниот референдум во Турција, кој ја отвори можноста за промена на турскиот Устав, е потег со кој се обезбедува уште една победа на актуелната власт на Таип Р��џеп Ердоган или вистински исчекор за демократизирање на земјата. Повеќе од извесно е дека по два мандата некогашниот извикан исламист, поранешен градоначалник на Истанбул, кој одлежа девет месеци затвор за своите исламски поетски „напливи“, одигра многу добро и се доближи многу повеќе до Запад отколку претходниците со секуларна провиниенција кои владееја во 1980-тите и 1990-тите, а не ја доближија Турција до Европа ни за сантиметар.

По референдумот, Европа го поздрави демократизирањето на Турција под власта на „умерениот исламист“ за кој пред осум години токму европските авторитети беа многу скептични. Како и обично, дневноактуелни беа темите дека за аеродромот во Инџирлик, Турција ќе посака поголемо присуство во курдскиот дел од Ирак. Паралелно со, наводно, растечкиот ислам.

Но, мислењата однадвор малку влијаеја на состојбите внатре во земјата. Во Турција, секуларна по дифолт од раните дваесетти години на минатиот век, и посветена на Ататурк, сега се покажа дека многумина (58 отсто) повеќе му веруваат на „мекиот“ исламист Ердоган отколку на „тврдиот“ систем што поимаше проевропско ориентирање на Турција и кој дури четири пати зеде за право да направи воен удар секогаш кога воените власти ќе проценеа дека актуелната власт скршнува од патот на Ататурк. Во Турција, за разлика од латиноамериканските режими, армискиот генералштаб водеше сметка земјата да не забега од проевропскиот пат на Ататурк.

Мора да се каже дека во почетокот Европа немаше многу симпатии за победата на „умерениот исламист“ Ердоган во 2002 година, кога Турција, поради интервенциите во Авганистан и Ирак, требаше да одигра значајна улога на партнер во интервенциите што следуваа. Ердоган, прокламиран исламист, не беше сигурно највистинската опција и тука Запад имаше сериозни дилеми. Но, се покажа дека тој подобро ја одигра улогата на западен сојузник отколку генералштабот на турската армија, која од 1960-тите години досега демонстрираше дека Турција е повеќе западна земја отколку што е поставена источно.

Со референдумот во неделата, Ердоган ја урна последната бариера за спроведување апсолутна власт во земјата, сметаат секуларистите во таа земја. Промените на Уставот донесен во 1982 година, и по воениот удар на Кенан Еврен, во суштина ја кочеа Турција на патот кон европското интегрирање. Четири воени удари и' се случија на Турција од 1960 до 1980-тите години и Турција беше препознатлива како единствена земја во која армијата го чуваше секуларниот и демократскиот аспект на државата.

Всушност, педесет години подоцна, Ердоган сфати дека веќе е надминат тој систем. Кога во 2002 година ги доби изборите, тој направи радикални промени во земјата: економијата тргна напред, успеа да изнуди парламентарно мнозинство кое ќе му овозможи не само власт, туку и избор на претседател, а сега бара и директна иницијатива и учество во избирањето на уставните судии кои во осумте години неколкупати го оспоруваа неговото премиерување. Уставниот суд беше тој што се обиде да ја забрани АК, партијата на Ердоган, односно учеството на нејзини членови во турскиот парламент.

Европа го поздрави „демократизирањето“ на Турција со последните уставни промени. Но, остана непрепознатлива во иднина улогата на Турција во регионот: на американско-европските стравувања од Иран, официјална Анкара одговори дека господата треба да се грижат за израелските нуклеарки, на француското тврдо „не“ за турско асоцирање во ЕУ. Дали со поздравување на политиката на Ердоган е денфувана потајната агенда на турските власти за посериозно реанимирање на турските (неоосманлиски амбиции) откако Кипар беше лекција од која Турција научи дека нема шанси на европското „казино“.

Ердоган тера своја агенда надвор, паралелно со справувањето на кемалистите внатре, кои со корупциските скандали сами се дезинтегрираа. Надвор, спроведува политика на наметнување на Турција како сериозен фактор на Блискиот Исток, кога веќе (поради кванитетот) не ја сакаат во Европа. Кавгата со Израел е дел од стратегијата.


#
Статијата е прочитана 563 пати.

Испрати коментар

Од: vasa citatelka
Датум: 16.09.2010 14:30:59
Toa sto go pravi Erdogan e cista besmislica kakva demokratija pola od glasovite se potkupeni so pari i seuste ke potplatuva dodeka ima siromastija.Pola i poveke od lugeto za sto glaasa i ne znaat samo glasaat.
Од: Komentator
Датум: 16.09.2010 15:00:32
Ovdeka nesto ne e vred...Ataturk...se slavi kako tatko na moderna Turcija ...mislam da e ziv ..ili negovoto delo ..Turcija odamna ke bese vo EU...Zatoa ne lezi deka negovata doktrina Turcija ja odalecuva od civilizacija ...iako do sega napravila golemi cekori kon toa...Samo seriskite filmovi koi sega masovno ni gi reprezentiraat ...se ogledaloto kako muslimanite mozat da si ja cenat verata i tradicijata na sovremen civilizaciski nacin...a so toa pridonesuvaat..jazot na istok i zapad sekoj den da se namaluva....!!!
Од: od mene zürich
Датум: 16.09.2010 18:18:45
Do vasa citatelka,ti sestro pred da kritikuvas nekogo za nepismeni iscisti si go tvojot dvor i potoa kritikuvaj ako nekade ima potkupeni glasaci togas nie u makedonija sme SVETSKI PRVACI u toa.

Најди! во Утрински
Свет
Бурката забранета во Франција
Сто кинески милионери ќе ги донираат своите пари
Роденденот на Медведев без помпа
На Франција и' се случува „Саркогејт“
Рединг
Колку чини реунификација на Кореја?
Криза во Белгија
Населбите го матат договорот