Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Австралија под вода

 

МЕЛБУРН - Надојдените води вчера ги пробија насипите во погодената од поплави Австралија за да поплават дополнителни територии во југоисточниот дел на земјата, додека жителите со вреќи песок се обидуваа да ги заштитат домовите од се' поголемата криза.

Надојдените реки во југоисточната држава Викторија создадоа поплавена зона чија големина се проценува дека изнесува 90 км во должина и 40 км во ширина, соопшти државната Служба за вонредни ситуации (СЕС). „Оваа област виде досега невидени поплави“, изјави портпаролот на СЕС, Кевин Монк за АФП. „Ова е нешто неверојатно“.

Додека надојдените води се движат кон реката Мари во неделата доцна попладнето и вчера изутрина беа дадени тревоги за евакуација за малите заедници на островот Пентал и Марабит Вест, каде живеат по околу 400 лица. Во тревогата СЕС наведува дека насипите околу Марабит Вест попуштаат предупредувајќи дека областа ќе биде поплавена во следните 12 часа. „Тие сега се поплавени“, изјави Монк за АФП. „Водата е насекаде. Ако тие не се обидоа да ги заштитат со вреќи песок своите имоти, тогаш водата би можела да има ��дредено влијание врз куќите на луѓето“. (АФП)


#
Статијата е прочитана 632 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Кога диктаторите паѓаат
Терорист уби 31 лице на московскиот аеродром
Селани од Срем им помогнале на Кинезите да направат стелт
„Хомосексуални лекции“ по математика и географија
Во поплави умреа 800 лица
Земјата ќе добие второ сонце
Мобилни телефони во вселената
Бомбаши убија шестмина
Извештајот за трговијата со органи е веродостоен