Мобилни телефони во вселената
Тим научници сака да утврди дали софистицираните моќи на денешните телефони ќе функционираат и во најекстремни околности. Тие ќе се користат за контрола на 30-сантиметри долг сателит и снимање фотографии на Земјата во мисијата што се планира кон крајот на ова година. „Модерните смартфони се навистина неверојатни“, вели проект менаџерот на ССТЛ, Шаун Кенјон. „Пред се, сакаме да видиме дали телефонот ќе работи таму горе, и ако работи сакаме да видиме дали телефонот ќе може да контролира сателит“. (Би-Би-Си) |