Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Извештајот за трговијата со органи е веродостоен

Берн - Извештајот за трговијата на ОВК со човечки органи во Косово, за кој денес ќе се расправа на зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предизвика голем интерес бидејќи е „веродостоен и погодува точно во нерв“, изјави известувачот на ПССЕ за Косово, Дик Марти, во интервју за швајцарскиот печат.

Тој за весниците „Сонтагс цајтунг“ и „Ле матен диманш“ рече дека не дава докази за обвинувањата бидејќи „не е истражен судија“, туку само истражувач, а неговиот извештај, како што додаде, содржи многу точни детали.

Марти воедно изрази чудење поради вознемиреноста што ја предизвика неговиот извештај бидејќи речиси сите елементи веќе биле познати и нагласи „вистински скандал е што се затворани очите пред криминалните дејствувања на одделни кругови, кои се доведени на власт во Приштина“.

Тој потсети на известувањето на „Њујорк тајмс“ и на британскиот „Гардијан“ на оваа тема, со повикување на извештајот на ФБИ од 1999 година. „Шест години подоцна, германскиот неделник ’Шпигл‘, исто така, извести за трговијата со човечки органи“, додаде Марти. Жестоките реакции на неговиот извештај оставиле, според пишувањата на печатот, траги на Марти. „Не е едноставно да се биде обвинет за лажго и нацист“, рече тој по повод изјавата на Хашим Тачи во која швајцарскиот пратеник го спореди со Јозеф Гебелс.


#
Статијата е прочитана 552 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 25.01.2011 12:32:56
Ne e lesno da obvinis nekogo bez dokazi...Albanska eminencija namesto da samata se bori da pravdata iskoci na videlina vednas reagira vo sprotivna nasoka iako za toa nema bas argumenti..Najlesen naci na nekogo da se suprostavis e ne da go negiras.. tuku negovata teza regularno da ja osporis...Kako i da e ovoj "duel" vo EU parlament ke bide dosta "interesen". i ako e ova vistina dosta ke i nasteti na mladata kosovska drzava...!!
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 25.01.2011 14:08:13
Сите вмешани во трговија со човекови органи а и тие што се трудат да ги заштита и протестираа во нивна одбрана треба најстрого да се осудат. Да си ја одлежат казната што им следи!
Од: Cacko
Датум: 25.01.2011 15:01:37
Eve sega g.Imer od Minhen pak da bide iznerviran .Albancite vo taa svoja "pijanost" sto ja imaa okolu poddrskata na zapadnite zemji okolu vojnata vo kosovo,izgleda uste ja imaat, i nekako tesko im e da svatat deka vojnata ja vodea kriminalci i narko dileri.Tesko im e da priz.deka taa vojna bese za ter. i nisto drugo.Covekovi prava i sl. gluposti se prikaski za mali deca vo koi i tie sami ne ver.E sega!Zosto se digna na protesti cel eden narod poradi optuzba koja doaga od prijatelska im zemja?Dali ne go znaat minatoto na Taci?Dali ne im e poznato minatoto na izbacuvacot Haradinaj?Kade se cesnite albanci da go osudat seto ova?Kade se cesnite albanci da zastanat na strana na vistinata.Tuka e problemot g.Imer."Omerta" i nisto drugo.Omerta duri koga se maltretira i sop. narod.Omerta vo zap. Mk.,omerta na Kos.,omerta vo Aracinovo,omerta vo Brodec.Vaka ne se gradi sozivot, a i iskreno se somnevam deka sozivot nekogas bil vo agendata na albancite,ako se sudo po unistuvanjeto na se hristjansko.

Најди! во Утрински
Свет
Кога диктаторите паѓаат
Терорист уби 31 лице на московскиот аеродром
Селани од Срем им помогнале на Кинезите да направат стелт
Австралија под вода
„Хомосексуални лекции“ по математика и географија
Во поплави умреа 800 лица
Земјата ќе добие второ сонце
Мобилни телефони во вселената
Бомбаши убија шестмина