Кога диктаторите паѓаат
Аналитичари нагаѓаат каде ќе се случи следното домино-ефект меѓу автократите
Њујорк - Ако сакаат да преживеат, диктаторите не трепнуваат. Ако покажат дека се кршливи, тие се изгубени. Во овие времиња на непрост кога Меѓународниот суд на правдата бара начини да ги изведе безмилосните лидери пред правдата, едноставното заминување не е баш добра опција.
Во 1989 година Николае Чаушеску од Романија се затетерави одејќи наназад во лицето на лутата маса народ. „Челичната тупаница“, со која ја држеше апсолутната моќ цели 24 години, исчезна. Во неколкуте дена тој и неговата некогаш многу моќна жена Елена беа мртви, егзекутирани од војниците кај кои лојалноста, едноставно, исчезна.
Овој месец во Тунис претседателот Зин Ел Абидин Бен Али настрада од помалку болна, но слична судбина. Соочен со протести и демонстрации и со најмалку 78 луѓе, кои загинаа по улиците, тој прво понуди да си замине од функцијата во 2014 година - што, пак, е симболично отстапување - а потоа избега, завршувајќи го неговото 23-годишно владеење со шокантно брз крај.
Арапскиот канал Ал Арабија јави дека тој, всушност, и не сакал да си замине, но шефот на неговата безбедност му јавил дека претседателската палата во Тунис ќе биде нападната од бесната маса народ.
Ако е потребна споредба, сетете се на Брегот на Слоновата Коска, каде што претседателот Лорент Гбагбо, поддржан од неговата милиција, тврдоглаво одби да ја напушти функцијата, и покрај победата на изборите од опозицијата. Тој не трепна.
Во напливот на директни преноси и безредијата по улиците што претходеа на заминувањето на Бен Али, многумина аналитичари нагаѓаат каде ќе се случи следното домино-ефект меѓу автократите, меѓу „заседнатите“ елити на Блискиот Исток, таму каде што смртоносниот коктел од незадоволство, депресија и пристап кон оружје за протести во дигиталната ера и комуникации може уште еднаш да стресе во овој закоравен регион.
Арапската душа е скршена од сиромаштија и невработеност, вели Мар Муса, генерален секретар на Арапската лига.
Но, како што покажа бегството на Бен Али во егзил во Саудиска Арабија, револуциите не се само последица на протестите или, пак, нивни пристап до измешаната слика на телевизијата Ал Џазира, а не се ниту повик на оружје преку „Твитер“ или „Фејсбук“. Од друга страна, тие, исто така, го отвораат прашањето за спремноста и способноста на режимите за повлекување, соочување со противниците со отпор, разни маневри и со војска.
Непосредно до брегот на Тунис челникот од Либија, Моамер Ел Гадафи, рече дека е „многу повреден“ од отфрлањето на неговиот сосед. Многу режими во регионот молчат, но прават внимателни чекори за олеснување на економските кризи за нивните покорни луѓе. Можеби најочигледната и - соочена со истата провокативна - реакција дојде од Техеран, каде што 228- 290 члена на Иранскиот парламент му дадоа силна поддршка на „револуционерното движење на храбриот туниски народ“.
Тоа можеби ќе направи логичка пауза. Во децениите по Исламската револуција во 1979 година, Иран не се покажа како значаен пример за промена на режимот. По оспорените претседателски избори во 2009 кога демонстрантите излегоа на улиците во многу поголем број отколку во Тунис тврдејќи дека им биле украдени гласови, претседателот Махмуд Ахмадинеџат понуди нешто што во учебниците претставува модел на решеност да не се трепнува. Силите на безбедноста ги преплавија улиците, се спроведоа силни мерки на замолчување, казнување и отстранување на непокорните, преку цензурирање на се', па до сапунски судења и повторно спроведување физичка репресија.
Ова е сфатено како индикатор дека самодовербата на Техеран во следните недели додека безредијата во Тунис инспирираа неколку регионални влади да ги намалат цените на храната и други цели, дека Иран продолжува со широк спектар на мерки да ги скрати потребите на гориво и основните стоки. Откако се појавија пукнатини меѓу елитата на Исламската револуција, изгледа дека не се отворија какви било нови прашања - барем досега никој јавно не го признал тоа - на мафтање во лицето на револтот.
Во долгите години на студената војна, Западот постојано ги градираше нестабилните режими од Африка до Азија според нивниот идеолошки контекст со Советскиот Сојуз. Сега исламскиот тероризам стана глобален непријател. Во Тунис дипломатските извештаи објавени на „Викиликс“, открија дека онака како што беа свесни дипломатите за богатењето на првото семејство во земјата, а лутината од тоа распламти меѓу народот, тие, исто така, го поттикнаа Бен Али во неговиот напор да ги потисне исламските борци во име на спротивставување на тероризмот.
Како што Рами Кури, ценетиот писател и коментатор од Бејрут напиша: „Тунис точно покажа колку беше тенок полициски поставениот режим на Бен Али, кој веднаш се растури кога се соочи со силниот домашен отпор“.
Некои други арапски лидери, без разлика дали се монарси или доживотни претседатели или нешто меѓу тоа, нема да избегаат од државата толку бргу, туку наместо тоа, ќе употребат сила да останат на власт, делумно затоа што имаат силни органски врски со големите елементи во општеството што Бен Али ги немаше.
Размислувајќи за кршливата маска на Јужниот Медитеран, Иан Лезер од германскиот Маршалов фонд напиша: „Ќе се појави нов револт во Алжир, создавајќи потенцијал за нов насилен и крвав конфликт меѓу милитантите и полициските држави“. Во Либија, исто така, „изгледите за ненасилна промена не се добри“. (Њујорк тајмс) |