Во поплави умреа 800 лица
БРАЗИЛИЈА - Официјални претставници на Бразил изјавија дека повеќе од 800 лица ги загубија животите во поплавите и лизгањето на земјиштето во југоисточниот дел од земјата што се случија овој месец. Повеќе од 400 лица се' уште се водат за исчезнати откако обилните дождови предизвикаа цели брда да се урнат. Бразилските власти соопштија дека ќе воспостават систем за навремено алармирање за да се информираат заедниците за претстојните опасности. Овие поплави се сметаат за најлошата природна катастрофа што ја преживеал Бразил. (Би-Би-Си)
|