Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Нови крвави насилства во Карачи

КАРАЧИ - Нов бран насилство вчера го зафати комерцијалниот центар на Пакистан, Карачи, при што официјални извори јавија дека најмалку 39 луѓе загинале во дводневни војни на бандите и политички спорови, некои откако биле измачувани.

Борбите избувнаа во средата во стариот кварт Лијари и околу него, што одамна е фокус на борбите меѓу ривалските банди и упориште на Пакистанската народна партија на претседателот Асиф Али Зардари. Потоа се раширија во околните делови, на западната страна на Карачи, иако продавниците на другите места останаа отворени, а јавниот сообраќај функционираше. „Поголем дел од првичните убиства беа резултат на судирите меѓу криминални банди што оперираат во Лијари и во околните области“, рече претставник на полицијата. „Но, насилството почна да се шири наоколу и сега тоа е комбинација од војна меѓу банди и политичко насилство“.

Карачи, град со над 18 милиони жители, има долга историја на насилство, и етнички, верски и секташки спорови, а политичките расправии често можат да експлодираат во борби што зафаќаат цели населби. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 249 пати.

Испрати коментар

Од: ..
Датум: 19.08.2011 05:37:43
Tesko e na edno drustvo koe e na tolku nisko kulturno nivo,da mu se prosto nattura nekakva si demokratija.Nikogas standardite od 21 vek nema da se prifatat vo sredina so mentalitet od 16 vek.Ednostavno treba da se ostavat na raat,neka svoite nedorazbiranja gi resat na niv svoistven nacin.Se razbira so vbojna.

Најди! во Утрински
Свет
Либиските бунтовници зазедоа нафтена рафинерија
Шестмина убиени во напад во Израел
Хуго Чавез планира нови национализации
Бомби во провинцијата Херат
Почна вториот процес против Харадинај во Хаг
Соработката на САД со Кина е клучна за глобалната економија
Асад изјави дека воените операции се запрени

"""