Бомби во провинцијата Херат
ХЕРАТ - Од нагазна мина на пат во западната авганистанска провинција Херат вчера загинаа 20 луѓе, а најмалку 12 се повредени. Тие патувале со два минибуса, јавија провинциските органи. Се чини дека возилата биле погодени или од нагазна мина или од друг вид експлозив на патот, јави Махудин Нури, портпарол на провинцискиот гувернер на Херат.
Во Гардез, во источната провинција Пактија, напаѓач-самоубиец се разнесе на влезот во база на НАТО, при што загинаа двајца авганистански стражари, јави портпарол на силите ИСАФ, предводени од НАТО. Талибанците презедоа одговорност за експлозијата, јавувајќи дека 70-годишниот напаѓач- самоубиец убил 27, а повредил 34 луѓе, јави портпаролот Забихулах Муџахид. (Ројтерс) |