Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Почна вториот процес против Харадинај во Хаг

Хаг - Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, е одговорен за злосторства против човештвото и нарушување на законите за војување во 1998 година, се вели во обвинението во новиот процес против Харадинај.

Процесот почна вчера во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија. Тоа ќе биде прв судски процес што се повторува од Трибуналот во Хаг. „Жртвите биле убивани, измачувани, независно од етничкото потекло - Срби или Роми“, изјави Пол Роџерс од обвинителството по отворањето на процесот. Харадинај и други двајца обвинети во истиот процес се обиделе да добијат целосна воена контрола во регионот западно од Приштина за време на војната во Косово 1998/1999 година, се вели во обвинението.

На 3 април 2008 година, Харадинај (43) и неговиот помошник Идриз Балај (39) беа ослободени по сите 37 точки од обвинението поради недостиг од докази. Двајцата беа обвинети за злосторства против Срби, Роми и Албанци извршени во околината на Дечани во 1998 година.

Третиот осомничен за тоа дело, помошникот на Харадинај, Лахи Брахимај (41), беше обвинет за измачување луѓе во селото Јабланица и е осуден на шест години затвор. Обвинителите бараа казна за нив од 25 години затвор.

Во јуни 2010 година, апелацискиот совет побара повторен процес против Харадинај и неговите помошници за шест точки од обвинението. За време на првиот процес, според претседателот на Трибуналот, Патрик Робинсон, имало закани за сведоци и многу од нив се откажале од давање искази со што било спречено собирањето докази. (МИА)


#
Статијата е прочитана 278 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Либиските бунтовници зазедоа нафтена рафинерија
Шестмина убиени во напад во Израел
Хуго Чавез планира нови национализации
Бомби во провинцијата Херат
Соработката на САД со Кина е клучна за глобалната економија
Нови крвави насилства во Карачи
Асад изјави дека воените операции се запрени

"""