Новoизбраниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера имаше средби со американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер, и со поранешниот македонскиот претседател Киро Глигоров.
Како што соопшти Кабинетот на новоизбраниот претседател, на средбата што се одржа во американската амбасада во Скопје, Иванов ги истакнал исклучително добрите односи меѓу двете земји. Иванов ја потенцирал важноста што и' ја придава Република Македонија на евроатлантските интеграција и се заблагодарил за постојаната и цврста поддршка што на овој план во континуитет ја добива од САД. Иванов истакнал дека ќе стори се' што е во негова моќ за да се ��остигне брзо и соодветно завршување на процесот на прием на Република Македонија во НАТО и почнување на преговорите за членство во Европската унија.
На средбата со првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, посочено е дека демократските процеси во земјава влегуваат во нова фаза, по годинашните успешни парламентарни и локални избори. Оценето е дека тоа ќе биде уште една потврда за македонската подготвеност да продолжи на патот кон евроатлантските интеграции. Иванов и Глигоров разговарале и за реформските процеси во Република Македонија, чија цел е да се постави основа за динамичен економски развој на државата и за отворање перспективи за нејзините граѓани. (МИА)
Sporedba: IVANOV - GLIGOROV , e isto kako TONI SIMIC - SEKIL O,NIL !!!
Од: dbreak
Датум: 12.05.2009 09:51:05
Da bi bil Gligorov, bi se podzamislil dali ke se sretnam so Ivanov. Po tie plukanja, i klevetenja, a i sekako tie ne go esapt Kiro. Covekot koj so sudni maki pomogna da se sozdade ovaa drzava. A ne deka ke ima nekoe fajde od stredbata. Samo ke se fali Ivanov deka se slikal so Kiro Gligorov. A toa deka bi mi bilo ispod casti toe e druga rabota. I zatoa ke si gledate burleski
Од: Itar Pejo
Датум: 12.05.2009 10:57:36
VMRO sekogas se borel za SAMOSTOJNA i OBEDINETA Makedonija. Deneska koga ovie celi se ostvareni noviot Predsedatel, pred preszemanje na funkcijata, odi na poklonenie kaj amerikanskiot ambasador. A ce otide i vo Solun, ako dobie viza.
Од: AlexMKD
Датум: 12.05.2009 14:36:16
...Ѓорге Иванов и Трајко Вељановски под итно да се запишат на курс по македонски јазик. Срамно е луѓе на највисоки позиции да незнаат да зборуваат литературен јазик!
Од: POMNI
Датум: 12.05.2009 14:38:10
Neka mu e i nemu i nam so sreka vo godinite sto doagjaat pred nas. Sepak Itar Pejo e vo pravo. Ivanov mozel da go primi Riker vo svojata rezidencija, a ne da odi vo US Ambasada= greska vo cekori ! Riker e Ambasador na SAD a ne Guverner na Makedonija! Dali e toa jasno? Vo ambasada se odi na gosti po nivna pokana i po povod nivni drzavni praznici i. t.n. komemoracii...
Prv ukor do Ivanov od prv den.
Од: Ози
Датум: 12.05.2009 14:55:03
Прецедателот Иванов се состана со амбасадорот во неговата амбасада?! Во нормални земји со нормални прецедатели ова е обратно. Или Рикер му дава на знаење кој е шефот. Се прашувам колку уште шефови има нашиот прецедател? Ќе го збудалат јадникот.