Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

МВР на готовс за церемонијата за новиот претседател

За денешната церемонија во Скопје се воведуваат безбедносни мерки од прв степен

Голем број специјалци, припадници на единицата за антитероризам, кучиња-трагачи, експерти од крим-техника, сообраќајни и гранични полицајци се ангажирани околу безбедноста на денешната инаугурација во Скопје, на новиот претседател Ѓорге Иванов. Со два хеликоптера, специјален режим на сообраќај и засилен мониторинг и обезбедување на хотелите каде што ќе бидат сместени странските државници и високи гости, полицијата најавува дека безбедноста за овој свечен чин е подигнато на највисоко ниво. Од МВР избегнуваат прецизно да кажат колку припадници на полицијата ќе бидат ангажирани околу одржувањето на безбедноста, но тврдат дека се воведуваат мерки за безбедност од прв степен.

„Со оглед на важноста на настанот и рангот на гостите кои се најавени дека ќе присуствуваат на свеченоста, МВР ќе воспостави мерки на обезбедување од прв степен“, вели помошник-министерот за информирање во МВР, Иво Котевски.

Веќе е формиран оперативен штаб во рамките на МВР и е изготвен оперативен план. „Дел од високите гости кои ќе присуствуваат на инаугурацијата на Иванов за нов претседател, вчера попладне веќе пристигнаа во земјава, со што и започна реализацијата на оперативниот план на МВР за нивно обезбедување“, објаснува Котевски. Во рамките на планот е предвидено и засилено обезбедување на хотелите и на вилите каде што ќе бидат сместени државниците од соседните земји, како и на локациите каде што ќе престојуваат.

„Заради остварување на задачите од планот ќе бидат ангажирани повеќе припадници на МВР од специјалните единици, од единиците за службени кучиња, антитероризам, крим-техника за снимање на трасите, полицајци од сообраќајната полиција, од граничната полиција и слично“, велат од МВР. Во функција на безбедноста ќе бидат ставени и двата полициски хеликоптера, во кои ќе има интервентна и санитетска екипа.

Во текот на денешниот ден се воведува и посебен режим на сообраќај. Па, така улицата „11 Октомври“ пред Собранието во Скопје ќе биде затворена во периодот од 11 до 14 часот, а движењето на возилата ќе биде пренасочено по околните сообраќајници.

„Другите траси по кои ќе се движат високите гости ќе бидат стопирани и пуштани во сообраќај по потреба“, информираат од полицијата. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар

Од: еми
Датум: 12.05.2009 10:59:11
Внимавајте кај ке се движите денес кралицата ке се крунисува,а за до година 12мај ке го прогласиме за ден на нашата МК кралица .

Најди! во Утрински
На прво место
Сите претседатели на Македонија
Иванов се сретна со Рикер и со Глигоров
Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија
Иванов со буџет од 56 млн. денари и плата од 1.500 евра
Инаугурацијата спектакл или скандал