Број 2983  вторник, 12 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Инаугурацијата спектакл или скандал

 

Дел од албанскиот политички блок најави бојкот на церемонијата

Оливера Војновска

Наместо спектакуларна церемонија, инаугурацијата на новиот македонски претседател Ѓорге Иванов, сепак, може да се претвори во уште еден од низата скандали кои се навикнавме да ги гледаме во изминатите 18 години од осамостојувањето. Идејата на организаторите: Владата, Собранието и луѓето од опкружувањето на Иванов, веројатно, била оваа инаугуративна седница да биде поразлична од досегашните. Но, наспроти надежите дека присуството на странски државници ќе и' даде една спектакуларна димензија на свеченоста, дел од албанскиот политички блок - ДПА и Нова демократија, во сето тоа препозна можност за бојкот. По неколкудневно тактизирање со присуството на ДУИ на седницата, лидерот на интегративците, Али Ахмети, вчера во Тетово соопшти дека ќе бидат на свечениот момент. „Неприсуството на косовскиот претседател не треба да се политизира, за ДУИ Иванов е легитимно избран претседател и ќе присуствуваме на седницата“, рече Ахмети.

Самиот чин на инаугурацијата, пак, деновиве целосно падна во сенка на мистеријата околу поканата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. От��ако политичките партии на Албанците направија драма од тоа дека Сејдиу не бил поканет, премиерот Никола Груевски топката ја префрли кај спикерот Трајко Велјаноски. „Не знам, за тоа е надлежен претседателот на Собранието“, се извлекуваше Груевски завчера во Велес одговарајќи на новинарско прашање. Во Собранието, пак, вчера исто така имаше молк. На прашањето има ли покана за Сејдиу, кусо одговорија: „Немаме коментар!“

Агенцијата Макфакс вчера ја пренесе веста дека советникот на Сејдиу, Наим Јермиу, во изјава за агенцијата Косова прес од Приштина, потврдил: „Претседателот Сејдиу не доби покана“. Наспроти ова, од ДУИ тврдат (пратеникот Тахир Хани и потпретседателот на парламентот, Рафиз Алити) дека на Сејдиу уште во саботата му била испратена покана за инаугурацијата.

Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали има впечаток дека актуелната владејачка елита гради непринципиелни односи во надворешната политика. „Очигледно е дека се фаворизира една држава, што не е в ред. Тоа предизвикува политички тензии, создава револт кај албанскиот фактор“, вели Биљали. Сепак, тој е убеден дека игнорирањето на Сејдиу не е главниот мотив за бојкот на денешната седница, туку тоа повеќе е одговор на политиката што ја спроведува Владата. „Не е во прашање личноста на Иванов ниту, пак, клучната причина е Сејдиу. Косовскиот претседател е само повод, бојкотот многу повеќе е потег насочен кон Груевски, испровоциран од неговите политички чекори. Во таа смисла, клучното прашање за мене е зошто Иванов не ги доби гласовите на Албанците“, смета Биљали.

Поранешниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, вели дека работите не може да се толкуваат црно-бело и дека партиите на Албанците тенденциозно ги претставуваат работите.

„Станува збор за сплет на повеќе околности и ситуацијата не е така како што сака да ја претстави албанскиот политички камп. Со Косово немаме воспоставено дипломатски односи, од друга страна, многу ни е важно присуството на другите претседатели од регионот. Сето ова со време требало да им се каже на косовските лидери, да се објасни дека не е во насока на дестабилизација на односите со Косово. Ако може албанскиот претседател Бамир Топи да ја прифати ваквата реалност, неразбирливо е зошто нашите политички лидери на Албанците одбиваат да го разберат тоа. Наместо да покажат лојалност кон државата, тие се однесуваат конјунктурно дневнополитички, само за да ги кренат рејтинзите или да добијат нешто во Владата“, вели Чашуле. За него, тема за дискусија е игнорирањето на инаугурацијата од страна на официјална Атина.

„Зошто нема да дојде Папуљас, тоа е вистинското прашање, бидејќи со Грција го имаме најголемиот проблем“, резонира тој.

Професорот на ФОН по меѓународни односи, Лазар Лазаров, не гледа ништо лошо во тоа што на инаугурацијата ќе има странски државници и подвлекува дека не треба да се прави проблем од тоа. „Прв пат и' се дава поголема димензија на инаугурацијата и тоа е добро. Македонија треба да гради регионална соработка, така што ова е добар потег и не е на штета на Косово, кое не е член на ОН. Односите со Србија ни се многу затегнати, несомнено, ни треба подобрување и на политички и на економски план“, смета професорот Лазаров.

Инаку, на денешната церемонија се поканети претседателите на земјите од нашето непосредно опкружување: Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Хрватска, БиХ и Турција.

Посетата ја потврдиле хрватскиот претседател Стипе Месиќ, српскиот претседател Борис Тадиќ, албанскиот претседател Бамир Топи, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, а свој специјален претставник ќе испрати и турскиот претседател Абдула Ѓул. Високите странски гости ќе ја следат инаугурацијата од собраниската галерија, во делот наменет за шефот на државата и неговиот кабинет. По свеченоста во Собранието, Иванов ќе ги прими високите странски гости во новите работни претседателски простории во вилата на Водно.

Актуелниот претседател Бранко Црвенковски (чиј мандат завршува токму тој ден), придружуван од гардата, ќе го пречека Иванов на главниот собраниски влез и заедно ќе влезат во пленарната сала. А, по свечената седница, Иванов ќе го испие претседателското кафе со Црвенковски.


Статијата е прочитана 2825 пати.

Испрати коментар

Од: kire, skopje
Датум: 12.05.2009 00:22:28
Аман бре луѓе го убивте Иванов уште неседнат на функција. Толку ли ви смета човекот?
Од: Franko-London
Датум: 12.05.2009 00:49:52
Zarem Obama ne e pokanet ???Steta,a siguren sum dekake djdese.Za zena mu Misel kolku sto sum informiram ne se znae,zatoa sto bas na denot na inauguracijata i doagja komsivkata na kafe-moabet.Toa sto ke bojkotira del od Albanskiot blok i ne e nekoja zaguba.I taka tie ne se Makedonci.Sebe se narekuvaat Albanci,a bidejki spored Ramkovniot ne e obavezno sedenje krs-nogi,pusenje i pienje caj,epten ne im odgovara. Ramkovniot ne p
Од: Од Струга
Датум: 12.05.2009 00:52:22
Ми се причинува дека неје млогу вреден иванчо за толку голема церемонија а и ако дуи учествува јас се откажувам од член на дуи ..толку поздрав
Од: Bashkim
Датум: 12.05.2009 01:17:06
Sega da bideme realni , i za Makedoncite vo ovaa situacija ne e ednostavno da se odluci ... Da ne gi politizirame rabotite , sepak e pokanet G-dinot Sejdiu kako prv gost na 22 ovoj mesec , i nikomu nisto ..Pozdrav .
Од: mitko gleda kontinuitet vo prostaklukot
Датум: 12.05.2009 01:29:45
Cel ovoj skandal potsetuva na odnosite za vreme na kohabitacijata. Edniot kazal ili napravil drugo, a drugiot mu vozvratil na detski nacin. Ako ne go kanite pretsedatelot na Kosovo, zosto go priznavte za nezavisna drzava?
Од: Zosto?
Датум: 12.05.2009 01:34:54
Zosto taka neli site glasavme?
Од: sami+ilyas
Датум: 12.05.2009 01:56:32
neka go pokanat i specijalniot prestavnik na Turcija Abdulah Gul i neka pijat tursko kafe :))))) so sreka neka e
Од: Bobi
Датум: 12.05.2009 02:20:51
Me cudi do koga SDSM ke bidat legalisti.Ako moze da ne prisustvuvate na ovoj nastan ke bide najdobro.Sepak spektakl za ovoj nastan e golem zbor.
Од: diplomat
Датум: 12.05.2009 02:45:35
Hahahah,za sreka site narodi vo ovoj zivot dobivaat svoja sansa,sila,sreka,podrska od golemite sili-SAD pa taka i Kosovo!!No Buckovski samo eden pat rodila makedonskata majka!So ovoj cin vlasta-DPMNE ja pokazuva svoeto lice,nacionalizmot na smetka na etnickite albanci vo RM ,strategija na konflikt so sosednite drzavi,pa duri i so silnite EU-drzavi..so eden zbor,so site se raskara!Toa se vika decurligisko-tinejdzerska strategija!No sigurno i ovie ke gi snajde kako starite DPMNE-vci,ke odat predvreme vo penzija!!Se znae pod koja zasluga Gruevski dojde na celo na DPMNE>>EU+SAD:Lubco se otkaza od kandidatura za pretsedatel!!Mislam deka ednas se spasi drzavata od raspad,vtora sansa nikoj vo zivotot ne dobiva??A tie toa go znaat toa,no dzebovite im se polni,semejstvata sigurni,iako se svesni za se sto se slucuva!Pa dobro bugarija ke gi smesti,ke dokazat deka imaat bugarski koreni(lubco),i se e zavrsena rabota!!!
Од: bruka
Датум: 12.05.2009 03:25:45
Kuku leleeee ne mozam da go smislam Ivanov kako Predsedatel!!!!!!!!!! Sram za Makedonija..... Sram za Makedonskiot narod!!!! Zarem nemase nesto podobro od nego vo ovaa Drzava????? Zarem mozese ovoj narod takvo nesto da stavi za Predsedatel????Covekot e izguben slucaj. Koga ke otvori usta kosa mi se kreva. Covekov ne znae ni dva zbora da kaze a Drzava ke vodi. Tesko si na nas denes na inaguracijata koga ke treba govor da odrzi. Ima da bide smeski NEVIDENA BRUKA!!!!!! So nego ke bideme svetski SRAM vo svetot. Aj airlija neka ni e - sto si poseavme toa ke si zneeme.
Од: Mihajlo
Датум: 12.05.2009 03:26:51
На прашањето има ли покана за Сејдиу, кусо одговорија: „Немаме коментар!“ А на што имаат коментар деновиве?
Од: sharri
Датум: 12.05.2009 04:16:25
gi razberam i dvete strani no ne gledam neshto negativno kaj presidentot ivanov prema albancite,naprotiv toj ke ima albanci vo negoviot kabinet,i treba da se pocituva kako predsedatel.vremeto ke kazhe deka toj e dobar sosed i so srbija i so kosovo.no nekoj pak se obiduva na politicki poeni.
Од: Ilir od Prespa
Датум: 12.05.2009 04:44:36
Dogovor megju Grujo i Ah-Meti. Pevo da se pokani Tadic i da se dobie odgovor od nego deka doagja.Posle da se pokani Sejdiu presed.na Kosovo koj vo megju vreme e vo poseta i toa rabotna.Sejdiu se vrakja na Kosovo mu se isprakja pokana.Dogovor megju Ah-Meti i Sejdiu Sejdiu se pravi deka ne dobill pokana ali koga go dobiil pokanata veli ne odam.Ah-Meti go nagovori Sejdia da ne doagja oti kje se naluti Tadic i toa kje bide pogolemo zlo nego ako ne prisustvuva Kosvskiot predsedale.Chista nameshtaljka.
Од: OF LELE
Датум: 12.05.2009 06:21:34
A, Be Ludje- Novinari i mesetari , ostajte me na mir !ovde e ocigledno koj e prioritet; Srbija ili Kosovo,ako KIosovo e prisatno,Srbija nema .da bite vo Skopje i Obratno. e Dojde vremeto sto se vika: Biraj Ago sto ti Drago: Srbija ili Kosovo drzava!
Од: vlado
Датум: 12.05.2009 06:43:25
Gole e Mangup! Nemu ne mu smeta nisto! Kakava faca... nedaj gospode!
Од: zabegan.
Датум: 12.05.2009 07:14:24
Се чудам и прашувам,дали има некој паметен во ова ВЛАДА????Секако не без размислувајне ако вопшто нешто мислат,Влегуват од Грешка во Грешка,Ваквиот однос кон СОСЕДИТЕ еден ден скапо ќе не чини.Кога знат дека со дел од КОМШИТЕ имаме не расчистени работи,Не мораше да се прави ИНАгурација со викајне на Претседатели од соседството.Со Грците проблем,со Србите,Косово,бугарија Единствено со АЛбанија нема проблем и тука ќе најдеме начин да го створиме.Тоа е реалноста на ова наша владеачка-гарнитура за жал.
Од: pogled
Датум: 12.05.2009 07:24:43
1. Ова се резултатите и ефектите од долгогодишната килава западноевропска подршка на Република Македонија во нејзиното државно зацвтрстување. 2. Сега би требало да не советуваат да ги поканиме сите соседи, заради влез во ЕУ и НАТО. 3. Дел од Албанците што не гласале за Иванов, го сметаат за нелегитимен. Значи, ако тие гласале, тогаш е легитимен, ако не гласале, тогаш тој не е легитимен?! 4. Не сум знаел дека Косово не не признало под уставното име! Ако е така, тогаш, колку чест тие нам, толку чест ние ним. Така е тоа во животот и во политиката.
Од: Ivan Germanija
Датум: 12.05.2009 07:53:54
Mislam deka ne se raboti nitu za spektakl, nitu za skandal, ami za voveduvanje na edna potrebna tradicija koja ke ja potencira drzavnosta na Makedonija, postepeno da se izvlekuva od simbol na protektorat i se uste poveke osamostojuva. No bi bil vnimatelen dali da se pokanuva Papuljas od stravot da ne se tokmu togas sluci skandal, ako ovoj ja navredi Makedonija, cie ime ne go saka. Ako naprimer nesto kaze na adresa na "Skopjani", bilo pri pozdravuvanje, bilo na preskonferencija. Pokanuvanjeto na Grkot e za sega anahrono. Akterstvo ke bide.
Од: trajce mk
Датум: 12.05.2009 08:29:40
Neka ni e cestita inaoguracijata na nasiot nov pretsedatel, gospod da ja blagoslovi Makedonija! Veruvam vo iskrenite nameri na Ivanov zaedno i sploteni konecno da gi ostvarime celite na nasata tatkovina.
Од: Zhile
Датум: 12.05.2009 08:49:53
Uste eden vo nizata debakli na nadvoresnata politika. Ovoj potez na Grujo & Co. e vo najmala mera nekulturen. Neka ne zamackuva oci deka toa bilo vo nadleznost na Sobranieto. Sie mi ga Gjuro. Za sram. Malku ako saka bilo koj da razmisli, kje mu bide jasno kade ova vodi. 1. Nova guma za dzhvakanje od Grujo & Co. za narodot. Da ne se dosetat za krizata. A, utre kje smislime nova guma za dzvakanje. Da be... Evrovizija!!!! 2. Aj da gi provocirame Albancive, moze da pripukaat na krajot pa pak da bidat krivi kako iredentisti, separatisti ili nekakvi drugi isti. 3. Neka ne trtat Srbite, Bugarite i Grcite ama ako...moze malku da se guzime posto ni se brakja, a nie kako najmal brat mora da trpime i da se praime po golemi so toa sto kje gi provocirame Albancite.
Од: Dimitr od Sofia
Датум: 12.05.2009 08:53:30
Ako Turcija e ot neposrednoto obkrujuvanie na Makedonija????? oti ne sa pokaneti i ot Rumanija, Slovenija? Mislim deka ova e porednio gaf na nekoi lude. Na George Ivanov mu pojelavam da bide dobar politik i so negova pomoc Balkanot da stane poubavo mesto.
Од: seuste normalen
Датум: 12.05.2009 08:58:25
Auu ovoj Djole WHO, stvarno ke stane pretsedatel. Jaden toj, pojadni nie, posebno sto ni na kraj pamet ne mi bese da go glasam. Nisto, timot na Crna Gruja e ekipiran i moze da pocne da se snima zavsnata scena vo rezija na redot na portokalovite. E sega tek pocnuva cirkuzot! Na zdravje bricenje!
Од: realen
Датум: 12.05.2009 09:09:24
Golema rabota ako stane Pretsedatel. Ni prv ni posleden. No, kade se Turskiot, Sloveneckiot pretsedatel. Ova e, a kako sto i naslovot veli, seir za narodot , da potoa raskazuva kako edno momce so grupa momcinja koi ke trcaaat okolu nego i eden zelen premier, si igrale so nekogasnata, spored niv, Golema Makedonija, BIg deal, samo da ne bide New.
Од: King George
Датум: 12.05.2009 09:21:42
Изненадува Наивноста со која новинарите пишуваат за Уште Едно Големо и Непотребно „Параспур“ Кич Трошење на нашите Демократски-Соцреалистичко-Феудални Властодршци! Прво, Устоличувањето е непримерно за претседатели и е најчесто рецидив од времето на Кралевите и Царевите. Сè уште не ја видов Цената (Цифрата) на ваквото устоличување на ратарот н.в. Хорхе II Д`Артањан Миноре. Претпоставувам дека ќе се одвива во Соборниот Храм, каде г... на квадрат Степханус I ќе му ја стави круната на главата, а тој седи на тронот, облечен во Црвено-жолтата одора на Аце Македонецот... (Цел филм нели!). Таквото лудило и патолошка состојба, Претстава за инфантилните, верно го отсликува нашето Мало-граѓанско општество.
Од: SLOBODA-nka
Датум: 12.05.2009 09:28:52
KOI site glasavme za gole, glasaa tie sto zedoa po 50-100eura
Од: dbreak
Датум: 12.05.2009 09:46:32
kolku se nesposobni site onie koi se plateni od narodot. A toa zoshto go kritikuvaat ivanov ushte ne sednat, trebalo tie shto go predlozile, BEZ NI EDEN DEN ISKUSTVO vo politikata, predvreme da mislat, sega e docna. Statite koi gi napravija "prosetkite" i "licnite dilovi" na vladata SITE KE GI PLAKAME....
Од: Трпе
Датум: 12.05.2009 09:48:33
Кој многу се фале,во кал се вале.Тоа многу често го применувавме како деца.Само ова не ми наликува на иганурација на Ѓоле,повеке ми наликува на крунисѕуванје на царот Николај Г.Многу сакам да му ја видам фацата на господинот мистер Рејтинг како ке се перчи.Ке си го сликам и на видео клип да го анализам да не случајно направи некоја белја.
Од: b
Датум: 12.05.2009 10:45:38
Повеке скандал отколку усилен спектакл. Со што спектакл?
Од: Европска Македонија
Датум: 12.05.2009 11:07:33
ДПА и Нова демократија се однесуваат многу детски во случајот Сејдиу. Косово не е член на ОН,сеуште има проблематична независност,па ваквите тензии се непотребни и морам да кажам дека се разочарав од Селмани. Од друга страна,уште пред 2 месеца напишав дека Албанците не го сакаат ниту Груевски ниту Иванов а тоа најдобро го покажаа на изборите со бојкот и покрај апелот на Ахмети да се подржи Иванов.Со овие факти сакам да му реплицирам на бледиот новинар Латас,кој тресеше зелени кај Миленко во емисија,дека Бранко сакал да се врати на власт преку влошување на меѓуетничките односи.Груевски е тој што ги влошува меѓуетничките односи,Бранко немора со прст да мрдне.Албанците место да гласаа за Фрчко па да имавме сега асален претседател тие бојкотираа,со што немаат право да бират дали ќе го сакаат или не Иванов,туку обврска да го почитуваат.И јас бев против Иванов но ќе се однесувам европски а не балкански и ќе го почитувам легитимниот избор.
Од: sozivot??????
Датум: 12.05.2009 11:43:00
kakof skandal i ova nebilo hahahahahahaha pa ednas mi se cinit napisaf Ivanof nee pretsedatel na cela Makedonija samo na VMROfcite posto drugi i neglasa za nego hahahahaha
Од: ПРИЈАТЕЛ НА ШУТРАЦИТЕ
Датум: 12.05.2009 12:31:40
Давањето на приоритет на бојкотот на албанските партии во опозиција пред инагурацијата и присаството на преседателите на државите од регионот е во најмала рака бесрамна.Однесувањето на албанските партии кога се во опозиција биго споредил со тв. циркусот на Монти Пејтон,бараш нов охридски договор од државата на која не го признаваш преседателот на истата.Во таа насока се и поедини коментатори на написов,мора да нее нешто во ред со нивната психолошка матрица како и перцепцијата на оваа свечена промена преседатели.

Најди! во Утрински
На прво место
Сите претседатели на Македонија
Иванов се сретна со Рикер и со Глигоров
Ѓорге Иванов ја презеде должноста претседател на Република Македонија
Иванов со буџет од 56 млн. денари и плата од 1.500 евра
МВР на готовс за церемонијата за новиот претседател