Ѓорге Иванов е четврти претседател на Македонија, избран во април 2009 година, како кандидат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, функцијата ја извршуваше во два мандата, од 1991 до 1999 година. За претседател на Македонија беше избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието, а втор пат на 19 ноември 1994 година на претседателски избори. Функцијата претседател ја извршуваше до 19 ноември 1999 година.
Борис Трајковски, беше инаугуриран како втор по ред претседател на Македонија на 15 декември 1999 година. На претседателот Трајковски светот гледаше како на млад лидер со прозападна ориентација, како миротворец кој избегна граѓанска војна во Македонија. Трајковски имаше клучна улога во потпишувањето на Рамковниот договор во 2001 година, со што се стави крај на вооружениот конфликт во Македонија. Борис Трајковски трагично загина во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година, заедно со осуммина соработници, близу Мостар, Босна и Херцеговина. Тој имаше 47 години.
На третите вонредни претседателски избори, одржани по загинувањето на претседателот Борис Трајковски, во вториот круг одржан на 28 април 2004 година, Бранко Црвенковски беше избран за шеф на државата.
На 12 мај 2004 година Црвенковски ја презема функцијата претседател и се повлече од премиерската должност и од претседателската функција во партијата. Петгодишниот претседателски мандат на Бранко Црвенковски завршува денеска, кога ќе му ја предаде должноста на новоизбраниот шеф на државата Ѓорге Иванов.
Нека му е со срека на Марионетчето Иванов,а тебе моја измачана Македонио ти го честитам почетокот
на црните денови на Диктатура под кривите стапала на господинот Тиранин.Авторот на текстот многу мудро ни кажува кој каков Претседател бил,
За првиот и вториот,малку по сликовито ,А за Црвенковски,кој за овие пет години може во својата кариера да се пофали со признавањето на РМ од Америка,со добивањето на кандидарскиот статус и на крај со повторното вракање на РМ на нормален колосек после владеењето на Лубчо и Вмровците,намерно е заборавен,Но времето ке покаже дали и овој полтрон ке успее да се измакне од канџите на Деспотот,Да не заборавиме тоа го стори покојниот Трајковски.