Астон Вила го враќа Пирес во Англија
Францускиот ветеран 37-годишниот Роберт Пирес се враќа во англискиот фудбал. До крајот на неделата тој ќе стане нов играч на Астон Вила. Пирес, кој неколку недели тренираше со Тотенхем летово по четири години го напушти Вилјареал и како слободен играч можеше да бара нов газда. Се споменуваа некои нисколигаши во Англија, но одненадеж се појави Астон Вила.
„Сигурен сум дека ќе биде во добра форма. Тој со своите постигнувања секому може да биде пример“, изјави помошникот на новиот тренер Жерар Улие, Гери Мекалистер. Пирес може да дебитира уште викендов против Блекбурн. |