„AC/DC“, пиво, воз со колбаси - тоа е Сент Паули
Контроверзниот клуб од северот на Германија не престанува да изненадува. Не толку одамна имаше претседател тансвестит, има и изразито лево политички ориентирани навивачи, а пред секој меч свират АЦ/ДЦ. Сега овој клуб го сврте вниманието врз себе со возот што минува низ ВИП-делот полн со колбаси.
„Нашите гости нема да уживаат во шампањско туку во хот-догови. Услугата ќе биде експресна“, вели Ингмар Бартелс за фудбалскиот месечник „Фор Фор Ту“.
„И не само тоа, нашите навивачи нема да мора да стануваат за пиво. Бурињата ќе бидат под нив. Само треба да го извадат цревото и нема да има проблем“, објасни претставникот на Сент Паули.
Хогвортс експрес од „Хари Потер“ така доби остра конкуренција. Возот од бајките се движи по мали шини. Откако ќе се наполни со колбаси, оди во ВИП-ложата. Идејата ја разви локалната дизајнерска компанија, која е долгогодишен пријател на клубот.
Ова е лоша вест за вегетаријанците. „За жал, за нив нема да има воз. Ќе вози само овој со колбасите“, се пошегува Бартелс.
Навивачите на Сент Паули имаат костур на знамето, но се исклучително мирољубиви. Тие се најдоа на удар на неонацистите поради либералните ставови. |