Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Спорт

Тимот од соништата на Ред бул останува заедно

Сопственикот Матешиц уверува дека двојната круна ќе ја бранат нејзините освојувачи

Сопственикот на Ред бул рејсинг, Дитрих Матешиц, е убеден дека тимот што го освои годинашниот шампионат во Формула 1 ќе остане заедно за одбрана на двојната круна во сезоната 2011. Имаше шпекулации дека Марк Вебер би можел да ја напушти екипата од Милтон Кинс откако во неколку наврати во текот на сезоната му префрли на тимот за фаворизирање на Себастијан Фетел. Матешиц, меѓутоа, инсистира дека „тимот од соништата“ ќе биде заедно и во следната сезона.

„Се разбира дека Марк ќе остане, нема сомневање во тоа“, изјави тој за „Аутоспорт“. „Целиот дрим-тим - можеби тоа е претерување, но јас мислам дека е вистина - ќе остане заедно. Успехот уште повеќе ги зближи и обедини сите во тимот. Би рекол дека нема ниту еден од врвот на нашиот тим што не добил барем една понуда од другите тимови. Не знам ниеден што прифатил. Никој не си дозволи да биде заведен. Сигурен сум дека тоа нема да се смени по освојувањето на двете титули. Како и да е, едно нешто е сигурно: во 2011 година другите ќе не' ловат, ние нема да бидеме ловци повеќе“.

Вебер веќе го предупреди новокрунисаниот шампион Фетел дека тој ќе биде подготвен за битка кога ќе се најдат во Бахреин в година.

„Мислам дека ако влезам во следниот шампионат со мисла оти ќе го следам Себастијан наоколу, тоа нема да биде вистинскиот начин“, изјави Австралиецот. „Се разбира, тој ја заслужи светската титула годинава. Знаеме дека таа можеше да отиде во четири раце во последната трка. Таа замина кај Себ, бидејќи тој го заслужи тоа. Стартуваме повторно од првата трка наредната година. Секако дека е природно да продолжам да се обидувам и да ги победувам сите. Дополнителна награда е ако можете да го победите момчето што го има истиот материјал како вашиот. Тоа е наградата во секој технички спорт. Себастијан се враќа како светски првак, така одат тие работи, но насочен сум кон следната сезона и кон обновувањето на битката. Повторно ќе ја почнеме борбата во Бахреин, но се' ќе биде ресетирано“. (Аутоспорт)


#
Статијата е прочитана 392 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Македонија меѓу Сенегал и Малави
Пристоен пораз на ватерполистите во Белград
Фудбалските надежи лесно со Мали
Стојаковиќ го мина Дивац и стана најефикасен Србин во НБА
Мекинро
„AC/DC“, пиво, воз со колбаси - тоа е Сент Паули
Гечевски и Ајверсон со наведнати глави во Еврокупот
Кој е побрз
Македонија против Полска за ЕП за кадетки
Астон Вила го враќа Пирес во Англија
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region