Број 3435  четврток, 18 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Анализа
Вести








Site Meter
Спорт

Македонија меѓу Сенегал и Малави

Фудбалската репрезентација забележа пад од шест места на листата на ФИФА и сега е 76.

Продолжува падот на македонската фудбалска репрезентација на ранг-листата на Меѓународната фудбалска федерација. Ако на претходното рангирање бевме 70., сега сме на 76. место зад Сенегал, но пред Малави. Колку за илустрација, вчерашниот наш противник Албанија оствари скок од шест места и се најде на 58. позиција.

Репрезентација, пак, која „вчера“ беше примена во ФИФА, Црна Гора, е позиционирана на 26. место. Од останатите репрезентации од бившите ЈУ-простори Србија е 25. (пад од три места), БиХ е 51. (скок од две позиции), а најдобро пласирани селекции се Хрватска (деветто место) и Словенија, која е 15.

На самиот врв нема измени, па финалистите на Светското првенство Шпанија и Холандија се на првите две места. Следуваат Бразил, Германија, Аргентина, Англија, Уругвај, Португалија и Хрватска, а единствениот новак во топ 10 е Египет, кој заедно со Грција и Норвешка ја истисна Русија.

Најголем ќар од најновото рангирање видоа на Карибите, поточно неколку репрезентации што настапуваат на Карибијан купот, кој практично е квалификациски турнир за КОНКАКАФ купот. Имено, Тринидад и Тобаго скокна за 28 места и сега е 78., Гвајана напредуваше 12 места, па се најде на 86. позиција, а убедливо најмногу скокна Гренада - таа напредуваше за дури 34 места и сега е 91. (Н.К)

Топ 10 репрезентации

1. Шпанија 1.920 бода

2. Холандија 1.718

3. Бразил 1.493

4. Германија 1.489

5. Аргентина 1.353

6. Англија 1.250

7. Уругвај 1.174

8. Португалија 1.102

9. Хрватска 1.098

10. Египет 1.047


#
Статијата е прочитана 601 пати.

Испрати коментар

Од: fotbaler
Датум: 18.11.2010 21:16:10
dogodina megju burundi i somalija

Најди! во Утрински
Спорт
Пристоен пораз на ватерполистите во Белград
Фудбалските надежи лесно со Мали
Тимот од соништата на Ред бул останува заедно
Стојаковиќ го мина Дивац и стана најефикасен Србин во НБА
Мекинро
„AC/DC“, пиво, воз со колбаси - тоа е Сент Паули
Гечевски и Ајверсон со наведнати глави во Еврокупот
Кој е побрз
Македонија против Полска за ЕП за кадетки
Астон Вила го враќа Пирес во Англија
 


Greece will fix dates for Balkan EU membership
Former prime minister denounces Romanian president
Balkan states welcome Nato's commitment to the region