Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
07.03.2012, 17:06

Мислења

Крвната одмазда и Гостивар

Роберт Несими

Бесрамните спин-мајстори ги претворија семејствата на убиените како осомничени за некое фиктивно идно убиство што треба да се случи

Правдата во една земја низ историјата обично ја применуваат институциите на власта, односно полицијата и судовите. Но, во одредени историски и географски околности се случувало власта да биде толку слаба и неефикасна што не може да ја изврши ни оваа значајна нејзина функција. Во тој случај општествата засегнати од овој феномен биле приморани наместо преку државните норми правдата да ја применуват со одредени друштвени традиции и норми. Во отстуство на вистинска државна организација овие норми по правило биле едноставни и правдата ја делеле на едноставен, јасен и брутално ефикасен начин. Речиси секогаш таа била базирана на принципот „око за око“, што инаку е и во суштина на концептот на правдата во Стариот завет на Библијата.

Ако времето во кое се појавило овој вид делење правда било резултат на историски околности, местото секогаш било определено од географијата. По самата природа институциите на власта имаат повеќе тешкотии за спроведување на правдата во изолирани и недостапни места, па затоа делењето правда по принципот „око за око“ се појавило главно на оддалечени места, како што е арапската пустина, корзиканските и шкотските планини итн. Поблиску до нас овој феномен бил присутен кај жителите на изолираните планински региони на Балканот, како што се Црна Гора или Северна Албанија.

Специфично за случајот на Северна Албанија е фактот што околностите определиле правдата „око за око“ таму да се применува во еден подолг временски период, почнувајќи од времето на бавниот распад на Византиското царство. Со поставувањето на отоманската власт планинските предели на Северна Албанија продолжиле да уживат еден вид практична автономија и додека поголемиот дел од Албанците станале муслимани и дел од отоманската правна власт базирана врз Шеријатот, овој реон претежно населен со христијани останал надвор од него. Немајќи државни институции кои би ја делеле правдата, таму продолжило правното самоорганизирање според законот „око за око“, кодифициран како Канонот на Лек Дукаѓини. Во суштина, правдата „око за око“ кај Албанците на систематски начин е применета само во одреден период и претежно кај христијанското население на Северна Албанија.

Тоа што вознемирува денес е лесниот начин на кој одредени кругови во Македонија го екстраполират овој феномен кај сите Албанци на сите времиња. Чувството на одмазда е дел од човечката природа и одмазднички актови се случуват насекаде низ светот каде правдата не е задоволена на институционален начин. Тоа се случувало и во Македонија, но за жал овде се третират различно, зависно од етничката припадност. Ако одмаздникот не е Албанец актот во медиумите се прикажува како едноставен акт на „одмазда“, но штом стане збор за Албанец се додава крвна одмазда. На ваков начин се имплицира дека одмаздата била очекувана, дека Албанците реагират поинаку и како да имат некаква генетска предиспозиција за одмазда и насилство.

За да се види дали сум во право или сум параноичен, доволно е да се види начинот на кој се третира последното убиство во Гостивар. За изненадување (или не) и во овој настан во кој еден полицаец со насилничко досие застрела две невооружени млади лица, одредени медиуми на македонски јазик без никаква причина го покренаа прашањето на крвна одмазда. На перфиден начин тие се обидуват да го тргнат вниманието од актот на убиство и неодговорноста на полицијата и да го насочат кон семејството на убиецот. Без никаква причина тие измислуват дека крвната одмазда е некако релевантна во овој случај и со тоа во нивниот имагинарен свет настанот го прикажуват како семејна трагедија на убиецот! Во ова нечиста игра тие не ја поштедија ни малата ќерка на полицаецот, која според овие медиуми не била трауматизирана што гледа како таткото извршува двојно убиство, туку како добива шлаканица.

Тие без трошка срам ја парадират кутрата сопруга на полицаецот, која во очајна желба да го спаси сопругот е подготвена да каже се', дури и дека е во опасност од адетот на крвна одмазда на Албанците. За да стане ситуацијата уште по траги-комична, овие медиуми дури и повикуват „експерти“ да се произнесат дека крвната одмазда мора да запре, божем е неспорен факт дека тоа постои.

Со ова семејствата на убиените, кои ги снашла трагедија, наместо да добиваат сочувства, ги гледат како осомничени за некое идно убиство што треба да се случи во фиктивниот свет на овие шовинистички спин-мајстори, во кои Албанецот не ни знае да се однесува поинаку. Без да мрднат ни со прст, без никаква вина, семејствата на загинатите според овие спинови треба да изгледат како осомничени, жедни за одмазда и крвопролевање, само затоа што се Албанци.

Но циркусот не завршува со тоа. Од желба да го бранат полицаецот-убиец еден медиум дури излезе со нова верзија за настанот, според кој кавгата воопшто не почнала поради паркинг-место, туку дека полицаецот имал сознанија за криминални дејства на убиените. Зборовите со кои медиумот се обиде да ја брани ова верзија се навистина навредливи, не само за Албанците, туку за секој разумен човек. Цитирам: „Фактот што ниту полицијата, ниту јавноста се' уште не знае ништо за идентитетот на двајцата учесници во инцидентот дополнително дава вредност на овие тези според кои мотивот за нападот на полицаецот воопшто не бил за паркинг простор туку имал за цел да го замолчи“.“ Значи фактот дека не знаеме ништо за убиените и дека тие се Албанци биле доволен доказ дека тие биле криминалци!

Јасно е дека убиството во Гостивар не е поради етнички мотиви, туку е дело на човек со историја на насилничко однесување. Но, тоа што го иритира албанското население беше конференцијата за печат на МВР, кое автоматски излезе во одбрана на убиецот. Ситуацијата продолжија да ја вжештуваат овие медиуми блиски на власта, што е причина за сомневање дека се подготвува сценарио за ослободување на убиецот, а што кај Албанците влева страв од слични настани и во иднина. Паралелно со тоа, овие медиуми по секоја цена се обидуват емоционално да ги врзат македонските гледачи со судбината на полицаецот, ги превртуваат тезите, го покажуват убиецот како жртва, со постојаното неосновано повторување на терминот крвна одмазда креират профил на Албанците како насилници и со тоа однапред ги оправдуват можните слични настани во иднина.

Со тоа кај двете етникуми се влева страв од „другиот“, кој потоа ќе се претвори во омраза која лесно може да се канализира за политички придобивки. Никако не смее да се заборави и другата страна на медалот, а тоа е дека стравот и омразата лесно може да излезат од контрола и суштински да ги влошат меѓуетничките односи. Како да се пресретне ова, доволно е институцииите да функционираат како што треба, да не го штитат убиецот, да не се превртуват тезите за да се создадат погрешни предрасуди за „другиот“ и да се задоволи правдата. Звучи лесно, но вистинското прашање е дали ова држава има доволно капацитет да ни ги обезбеди дури и овие најнормални работи?

(Авторот е член на институтот Ипеса)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 1847 пати.

Испрати коментар



Осми март!
Кој нема мирен сон?
Европски заговор



Realist, 08.03.2012 00:33:37
Neandertalskoto odnesuvanje na ubienite e pricinata za ubistvoto.Nema vrska nacionalnata pripadnost na ucesnicite vo nastanot.Eksploatiranjeto na slucajot od strana na mediumite i ostanatite e manipulativno i ima za cel podgrevanje na nacionalnata netrpelivost ,uspesno go kanaliziraa besot na masite. Vasata kolumna ,spored mene ,ima netrpelivost i odbojnost ,sprema site sto ne gi predstavuvaat ubienite ,kako zrtvi ,na policiska brutalnost.Se otpovikuvate na nasilnoto odnesuvanje na policaecot ,i vie i bez sud i dokazi ja posocuvate vinata kon nego ,i go osuduvate.Ne go pravite li i vie istoto ,poradi koe gi osuduvate i mediumite i MVR?Donesovte presuda ,bez prethodna postapka ,za utvrduvanje na fakti i dokazi od svedoci.Ste se zaprasale li kakov e kredibilitetot na nastradanite?Gledam ste se potrudile ,da dobiete informacii za policaecot ,i go diskreditirate!Da i jas bi se odbranil so se sto e mozno ,ako nekoj me napadne ,i toa vo prisastvo na moeto dete!
xcfgyhuio, 08.03.2012 00:58:42
Graganite imaat pravo sto generaliziraat i se plasat od krvna odmazda bidejki toa bese demonstrirano vrz 2 bracni dvojki od Skopje. Mediumite prvicno korektno informiraa:vo kavga za pakring ubieni dvajca(site so inicijali). No i vie nekorektno posocuvate policaec iako storitelot vo momentot izvrsuval roditelska dolznost. Kolkav e negoviot prag na tolerancija i dali agresorite posegnale po negoviot zivot ili sakale samo da go pretepaat i drugi detali ke utvrdi sudot. I kaj Makedoncite postojat elementi i slucai na baranje ili pottiknuvanje krvna odmazda. Vo nasiot slucaj pottiknuvac bese sudot po nalog na policijata vo prilog na odbrana na penz.inspektor koj vo soobrakajka so pregolema brzina go usmrti predizvikuvacot na nesrekata. No negovata majka i sega-kaj nasi rodnini bara nekakva pravda iako tatko mi iako edinstveno nevin bese osuden i odleza kazna. Lek za podbucnuvacite na etnicki buntovi e:prestanok na diktatot vo sekoja vlada alb.part.sto generira buntovi od dvete strani.
melbourne, 08.03.2012 01:16:13
Pa zarem ne svativte do sega(a go zboruvam podolgo vreme)deka partiite sto se na vlast pravat se,samo da nema sozivot za eden den da im se najde toa.A mislam deka vremeto e dojdeno da ima sto poveke nemiri,za da ne se zboruva za ekonomijata i zivotot na graganite.
Lbero, 08.03.2012 01:44:57
Gospodine ni eden zbor za krsenjeto na dukanite vo gostivar napadi na etnicki makedonci vo Gostivar i Skopje.Vo pravo si deka ubistvoto ne e etnicki motivirano no demonstraciite na Albancite se etnicki motivirani.Prestanete da se pravite zrtvi tuku malce iscistite si go vasiot dvor
od zena, 08.03.2012 01:59:45
Ako se ograduvate od odgovornosta na objavenite kolumini togas ne gi objavuvajte ili ako gi objavite zastanete zad nivnata odgovornost.Kakov e toj nacin em sakame da gi objavime i da napravime razdor medju narodot em ne sme nie vinvni za toa.
cicko Frojd, 08.03.2012 02:36:34
Ne znam koj e ovoj R. Nesimi, prvpat slusam za nego, no statijava e poln pogodok. Retko se sretnuva vakva objektivnost po nasive mediumi. Samo taka majstore, sekoj normalen covek 100% bi se slozil so napisanoto!
Makedonec od izselenistvo, 08.03.2012 05:22:20
Kakva isprevrtena prikazna.Demek Poturcenite(islamizirani)Albanci uste od Tursko bile civilizirani i megju niv vladeelo pravoto i pravniot poredok,a Albancite Hristijani ostanale divjacii megjuniv ostanlo obicajnoto pravo na delenje sopstvena pravdaoko za oko.Kogo laze covekov ne znam i kogo saka da ubedi deka Albancite pocituvaat zakon?Da pocituvaat ama civ?Eve da receme deka Makedoncite se vinovni za navivackite umotvorbi,palenja,pa ako Albancite se tie koi pocituvaat zakoni,soto togas ne pobaraa priveduvanje na vinovnicite i nivno sudenje,tuku vednas povekekratno se revansiraa so p[alnje znaminja,crkvi itn.
зрак, 08.03.2012 08:40:40
да се сложувам,дека судството е бавно,неефикасно и слично,оти ако бесе така и овие во гостивар и ТЕ.КИ..Го поцитувааја законо и правото а инаку ке одговарат,до ова немаше да дојди.НА протести не се излегува со знаминја на туга земја.
Објективна колумна? Не би кажала!, 08.03.2012 08:55:06
„Исплашените“ тепаат по автобуси, кршат излози, бодат со ножеви....Па нормално дека генерализациите кај македонското население се темелат на стастистички податоци кои укажуваат висок степен на “уплашеност“ кај напаѓачите. Ниту збор за тоа какви се нивните реакции, ниту збор за убиството на Васе и тоа што “исплашените“ уште провоцираат со „Каде ви е Васе“. И не гледам осуда за дивеењето низ Гостивар, ниту обид да се придонесе кон помирување. Во кулумнава гледам само оправдувања за постапките на „исплашените“ за кои во САД или било која држава во ЕУ би го јаделе стапот. Сочувство за семејствата на убиените и молба до сите родители убаво да си ги воспитуваат децата и да не ги задојуваат со омраза. А за колумнистот: Објективност значи критика и на своите.
Nikola, 08.03.2012 09:14:36
Zivotot e eden! I zatoa strasno e koga ce se izgubi. I familijata na policaecot e zrtva, no na familiite na momcinjata albanci zivotot im dobi drug tek. Da ne dozivees smrt na dete veli edna anticka definicija za sreca! A mediumite, novinarite, sto gledaat sitno da profitiraat od tragedii na ludje, toa se ramni na nacistickite sadisti vo koncentracionite logori. A nim, covestvoto im sudese!
ccc, 08.03.2012 09:17:03
ajde bidete jasni tvrdite deka ubistvoto nee predizvikano od meguetnicka netrpelivost, so sto se soglasuvam, no nemie jasna vasata konstatacija deka albanskoto naselenie bilo iziritirano od izjavata na potparolot na mvr, (so sto go demantirate prviot del od izjavata). Pa i jas kako makedonka smetam deka mvr ne sija vrsi dobro rabotata kako i vo ovoj slucaj taka i vo slucajot za neskoski, znaci vie nesvesno ili svesno povtorno nacionalno pristapuvate kon problemot, isto taka mvr ne si ja zavrsi dobro rabotata ni so facanjeto na krsacite na prozori stakla, na protestot, koj se odvivase pred grmada policija ,taka lie ili i tuka ke gledame nacionalnost?????
ПРИЛЕПЧАНЕЦ, 08.03.2012 10:40:22
Во Прилеп 2009 година во АПРИЛ граничниот полицаец со криминално досие РУБИНЧО ЗДРАВЕСКИ - ШАНДАЛО ,пијан и без никаков повод со шест куршуми во кафеана го уби полицаецот ГВОЗДЕН МИРЧЕСКИ,чија сопруга претходно починала и децата му останаа сирачиња.Судот во Прилеп во февруари 2010 година го осуди на 12 години,АПЕЛАЦИЈА ОД БИТОЛА ЈА ПОТВРДИ КАЗНАТА,РУБИНЧО ШАНДАЛО Е НА СЛОБОДА И СЕ ШЕТА НИЗЏ ПРИЛЕП,а знаете зошто- ТОЈ Е ВМРО - ВЕЦ,претседател на МЗ Тризла за ВМРО - ДПМНЕ.Каде си Груевски,каде си ЈАНКУЛОВСКА,објаснете зошто го штитите ?
Spiridon, 08.03.2012 10:52:17
Почитуван господин Роберт,ви се обраќам како граѓанин и жител на Република Македонија,поточно како сограѓанин и сожител.И во случајот на „полицијската бруталност„,Нешковски,беше засегната безбедноста на граѓаните на Македонија,како и во друѓи околности и случки,но гласовите за протест и подршка,по национален клуч,како што милувате да потенцирате,не вие лично,изостана.Затоа пријателе Роберт,држава се прави од сите,за сите граѓани без оглед на национална припадност.Во држава,со големо Д,ова не се случува,ниту зема таков тек.А за тоа ви оставам време да се прејавите во Утрински со размисла и колумна дали државата треба да ја водат професионалци со чест,школа и доблест или по клуч,партиски војници,терористи,војводи . . .
koc, 08.03.2012 11:34:19
Sekoe nasilstvo treba da se osudi i soodvetno sankcionira. Site dosegasni vladi padnaa na ispitot koj se narekuva : pravna drzava. Za kolumnata: dosta neobjektiven pristap. Koga se ubivaa nedolzni starci (povratnici) vo Aracinovo, nikade gi nemase, megutoa koga se zagrozeni pravata i zivotite na nekoi sto im e blizok, se namnozija analiticari koi trubat na site dzvona.
Томе Стојановски,д.е.и, 08.03.2012 13:44:04
Г-дине Несими,мене најверојатно ке ме прогласат за албанофоб,што не е вистина но што да се прави кога неможам да ги премолчам континиурираните невистини што ги ширите Вие и Вашите соплеменици !!! Крвната одмазда е карактеристична за примитивните народи а не за христијаните !!! Вие очигледно немате појма за христијанството иако сте христијанин католик (Роберт) или веке сте конвертирале!!!??? Крвната одмазда ја донеле Гегите на просторите на денешна Албанија и опстоја до ден денешен !!! Кој бил Лека дукагин г-не Бесими ,Албанец хтистијанин !!!??? А и денес опстојува на овие простори и е резултат што времето на Сулејман Веичествниот за мекои сеуште постојат.
алтруист, 08.03.2012 15:32:37
Очигледно кај албанскиот блок многу е мал бројот на оние кои за сите проблеми најпрвин ке ги проверат своите редови па после ке можат да ги обвнинуваат и другите. Јас на пример секогаш сум ги обвинувал Македонците за економскиот крах на државата. Нека се запраша авторот дали е нормално и во ред да без судење и без да се чуе и другата страна се организираат масовни протести и тоа веднаш после убиството. Секое убиство е за осуда но имајте на ум дека тоа се случило пред неговата родена ќерка. Искрено не верувам дека дури и познат криминалец би направил таква работа пред свое дете ако навистина не се почувствуал загрозен. Некако никаде не видов и не слушнав осуда за инцидентите што следуваа после тоа. И иако не сакам да генерализирам, факт е дека Албанците секогаш застануваат зад своите, дури и кога се во прашање багабонти или криминалци. Можеби убиените не се тоа но оние што кршеа и тепаа тоа сигурно се.
MAKEDON, 08.03.2012 19:08:11
Очекував барем грам самокритичност,барем од оние кои се претставуваат како интелектуалци од редовите на албанското малцинство во Македонија.Само кога ќе соберете доволно сила да излезете од средновековната племенска матрица ќе бидете почитуван и ќе се цени вашето мислење.Ако ја сакате ЕУ треба да ги почитувате нејзините правила,а не само да влезете таму а да се однесувате како неандерталци без никаква култура!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Ситен дожд

Сабота
Мешавина од дожд и снег
Макс: 10°C, Мин: 1°C

Недела
Мешавина од дожд и снег
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |