Пет минути громогласна тишина. Под ова мото и годинава македонските медиуми ќе се вклучат во одбележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите.
Точно пет минути пред пладне, печатените медиуми ќе престанат со работа. Радијата ќе ја прекинат програмата или ќе емитуваат лесна или сериозна музика. Наместо слика на телевизиските екраните ќе има црн екран, на кој ќе биде испишана пораката од мотото. Здружението на новинарите на Македонија со соопштение ги повика сите новинари и медиумски работници, традиционално, со пет минути громогласна тишина од 11,55 до 12,00 часот да го одбележат Светскиот ден на слободата на медиумите. Оттаму потсетуваат дека од почетокот на оваа година, се убиени 36 новинари во светот. Воедно, од ЗНМ потенцираат дека новинарите во Македонија се цел на секојдневни уцени, закани и експресни пресуди. „Мораме да го дигнеме својот глас против ваквите тенденции. Нека се слушне новинарскиот молк во Македонија како опомена до сите оние што сакаат да не замолчат!“, се наведува во дописот од новинарската асоцијација.
Инаку, според извештајот на „Фридом хаус“, која го следи движењето на слободата во 196 земји од светот земјава за 2009 е на 94. место, што од лани бележи пад за четири места. Со тоа Македонија и натаму е рангирана како делумно слободна земја. Во регионот нашата држава единствено се наоѓа пред Косово и Босна и Херцеговина, кои се на 97., односно 108. место. (Г.Д)
Би сакал да прашам дали во оваа петминутна громогласна тишина се опфатени и оние новинари сега инсталирани по министерствата како потпароли,како ексвицепремиери за ЕУ интеграции како своевидна награда за покажаната медиумска непристрасност,исто така и од минатиот состав на власта а и идните ,,маченици,, кој сонуваат да се доберат до вакви места визави вложениот труд.Инаку среќен празник и помалку пристрасности повеќе реалитет на искажаното и напишаното.
Од: Mitko
Датум: 03.05.2010 12:24:04
Приоритетен проблем на македонското новинарство не е толку замолкнувањето на новинарите, колку што е „КВАЗИНОВИНАРСТВОТО“ на одредени „квазиновинари“ во форма на политички проститутки. Невкусно е да ги набројувам...