Вооружени лица киднапираа 42 студенти во Мосул
БАГДАД - Вооружени лица вчера киднапираа 42 студенти во близина на северниот ирачки град Мосул, соопшти полицијата, во едно од најголемите масовни киднапирања од американската инвазија врз земјата во 2003 година. Портпаролот на провинцијата Миневех, каде што се наоѓа Мосул, град трет по големина во Ирак, изјави дека вооружените лица сопреле два автобуса во селото Ал Џирин. „Еден од автобусите успеал да побегне. Вториот бил сопрен и 42 студенти се заробени“, изјави портпаролот Калид Абдул Сатар. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за инцидентот, меѓутоа сомневањата се насочени кон сунитскиот исламистички разгранок на Ал Каеда, кој се прегрупираше во северните провинции откако беше истеран од западната провинција Анбар и Багдад со серија воени офанзиви. (Ројтерс) |