Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Тешки времиња во долините на Андора

По случајот со Лихтенштајн, светлата се вперени во даночните рајови, како што е Андора

АНДОРА ЛА ВЕЛЈА - Секоја година на празнувањето во чест на свети Чарлс Боромео, патрон на банкарството, семејствата што доминираат во банкарството на оваа планинска престолнина се состануваат за да го проценат годишниот бизнис.

Но, дури и светците не можеа да го разведрат последниот собир. Кнежеството Андора е мало место, три тесни долини во Пиринеите во форма на буквата Y, притиснати меѓу Франција на север и Шпанија на југ. „Тие можат да дојдат пеш“, вели Антони Армењол Аликс во врска со банкарите, генерален менаџер на Асоцијацијата на банките од Андора, нагласувајќи ја интимноста на местото.

Андора просперираше последниве години, главно, од 11 милиони туристи кои ја посетија минатата година. Некои доаѓаа заради скијање или пешачење, но повеќето беа еднодневни посетители од Шпанија, Франција и други места, за кои малата земја, што се приклучи кон ОН во 1994 година, е еден вид километарски трговски центар.

Андора, каде што нема данок на приход и само неколку, ако воопшто ги има, даноци за купување, го жртвуваше шармот за трговија. Патот што минува по должината на главниот град сега е еден вид трговски центар на улица, со големи фришоп-центри наредени еден до друг. На главните улици за купување се наоѓаат продавници во кои се нудат швајцарски часовници, француски парфеми и лекови без рецепти по намалени цени.

Оддалечените места, како што се Енкамп и Канилјо, се полни со нови висококатници кои ги потиснаа старите центри во селата.

Во цела Андора има само пет банки со 1.500 вработени. Откако стартуваше економијата, развојот достигнува девет отсто годишно. Во брз пораст беше градежната индустрија, градењето хотели, ски-населби, шопинг-центри и станбени блокови, а сето тоа го финансираа банките. За тие градби беше потребна работна сила, па низа работници пристигнуваа од Шпанија, Португалија, Франција и други места. За две децении, од 1986 година бројот на жителите речиси двојно се зголеми, достигна 82.000 луѓе, од кои само третина се Андорци.

Меѓутоа, во последно време работите се забавија. Минатата зима беше речиси без снег, што им наштети на ски-центрите и опадна туризмот. Тоа, пак, предизвикува бранувања во градежниот бизнис, кој е најголемиот работодавец. „Достигнавме одреден плафон“, вели Пилар Ескалер Пенелја, директор на Трговската комора на Андора, во која членуваат околу 30 најголеми компании во земјата. „Сега мораме да внесеме разновидност“.

Покрај тоа, банките во последно време се заглавени со документи. Во минатото тие профитираа од банкарската дискретност, одбивајќи да го откријат идентитетот на странските клиенти кои можеби складираа пари за да избегнат плаќање даноци во матичната земја.

Даночните рајови, како што е Андора, се во центарот на вниманието откако Германија презеде поостри мерки за затајувачите на данок во февруари. Информациите од шпион од една банка во малиот Лихтенштајн, исто така планинско утврдување, покажаа дека стотици Германци таму имаат анонимни фондови во вредност од повеќе милиони долари. Во Организацијата за економска соработка и развој во Париз, која се бори против перењето пари, Андора е на списокот со Лихтенштајн и Монако, уште еден фискален рај, како „некооперативни даночни рајови“. Целта е да се тргне од списокот на ОЕЦД. „Не сакаме да ја имаме етикетата на фискален рај“, вели Армењол, поранешен министер за надворешни работи.

Во седиштето на владата, во гранитна зграда на авенијата Прат де ла Кру, кабинетот одобри пакет закони кои речиси се револуционерни. Првпат од компаниите на Андора ќе биде побарано да имаат сметки, а бариерите за странски инвестиции се отстрануваат. Промените не се лесни за луѓето кои со векови живееја како проширено семејство, во едноставни камени куќи со покриви од плочи. Андорците зборуваат каталонски, јазикот на североисточна Шпанија, но исто така и малку француски, а изминатите години опстојуваа одгледувајќи жито, добиток и до неодамна тутун. Кујната на Андора е оксиморон.

Суверенитетот на Андора како европска микродржава оди наназад до Карло Велики, кој ја одзеде оваа област во Пиринеите од Маварите во 9 век. Во 1950 година, таму имаше само 6.000 Андорци; електричната енергија беше воведена во 1935 година, кога беше изградена централа по должината на реката Валира. Патот од главниот град до границата со Шпанија не беше поплочен до 1959 година.

Со векови Андора постоеше како кнежевство, предводено од бискупот на Ургел во Шпанија и кралеви и претседатели на Франција. Секоја година во знак на верност Андорците им одаваат почит на двајцата владетели со неколку парчиња месо, векни леб и шишиња вино. Но, во 1993 година Андорците донесоа демократски устав и избран парламент. Бискупот од Ургел и претседателот од Франција останаа шефови на државата, иако нивните функции, пред се', се церемонијални.

Највпечатлив настан во поновата историја беше во 1934 година, кога рускиот емигрант Борис де Скосиреф се прогласи за крал на Андора, се' додека не го уапси шпанската полиција. Тоа е поновата историја за многу Андорци, чија приврзаност за минатото може да ја направи промената на сегашноста предизвик за министрите во владата.

Меѓутоа, промените итно се потребни доколку долината сака да ги заборави тешките времиња. „Градежништвото пет години ја издигнуваше економијата“, вели Ескалер, која е родена во Барселона во семејство на Андорци и се преселила последниве години. „Сега мора да внесеме разновидност. Бидејќи живееме во планините, постои одреден индивидуализам. Тоа е како да бевме деца, а сега стануваме возрасни. Но, сето тоа е ново за нас“, додава таа. (Њујорк тајмс)


Статијата е прочитана 368 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Рикер_ Србија не смее да организира избори на Косово
Да се обжали ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Спасени 200 жени и деца од заточеништво во мормонска секта во Елдорадо
Мугабе се подготвува за „војна против народот“
Убиен министер во бомбашки напад во Шри Ланка
Вооружени лица киднапираа 42 студенти во Мосул