|
Убиен министер во бомбашки напад во Шри Ланка
КОЛОМБО - Најмалку 12 лица, вклучувајќи и министер во владата на Шри Ланка, се убиени во самоубиствен бомбашки напад во близина на главниот град Коломбо, изјавија официјални лица. Министерот за транспорт, Џејараџ Фернандопуле, присуствувал на свеченоста за одбележување на претстојната Синхалска и Тамилска нова година во западната област Грампаха. Министерот за одбрана ги обвини Тамилските тигри кои се борат за формирање независна држава за тамилското малцинство во Шри Ланка. Фернандопуле е вториот министер кој годинава беше убиен. Поранешниот министер за градежништво Д.М. Дасанајаке беше убиен во бомбашки напад на 8 јануари, неколку дена откако владата се повлече од непочитуваниот прекин на огнот со Тамилските тигри. Владата тогаш вети дека до крајот на годината или во текот на следната ќе ги уништи сепаратистичките бунтовници. Најмалку 70.000 лица ги загубија своите животи од почетокот на војната во 1983 година. (Би-Би-Си) |
|
Статијата е прочитана 35 пати. |
|
|
|
|
|
Од: Od Kicevo |
Датум: 07.04.2008 07:50:57 |
|
Neka pociva vo mir,se najdobro za mrtvite,a zivite,sto e prodavaat svojata tatkovina,majkovina,ako go nejkat tatkoim,identitet,sto li,ili sse mislat bugari,pa mozebi,da si go smenis imeto na zemjata,identitetot,a za kiro jadea lajna,toa bar bese vremeno,a sega.Menduh,procitaj vo kirilica.com.mk Ali Ahmeti e pomas otebe,ako i toj rekol da prodolzat pregovorite za nedorazbiranjata,ama ne rekol i ne spomnal imeto i identitetot, ti ne si pobednik Menduh mojot sogradjanin e pobednik na albanskiot elektorat,za sramota,a za grev isto,koj ke vi gi gleda geovite,neznam moze nema makedonci poveke vo Makedonija sto mu znaes....... |
|
|
|
|
|