Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Рикер: Србија не смее да организира избори на Косово

Приштина - Овластување за организирање избори на Косово има само УНМИК, а изборите кои во Косово ќе ги организираат српските власти нема да бидат валидни, изјави шефот на Мисијата на ОН, Јоаким Рикер.

„Само УНМИК има овластување да организира избори на Косово“, рече Рикер и изрази надеж дека „Белград, бидејќи вели дека ја почитува Резолуцијата 1244, нема да организира локални избори на Косово“.

Во интервју за приштинскиот весник „Коха диторе“, тој потсети дека според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, „УНМИК администрира со Косово и оти Белград треба да го почитува тоа“ и нагласи дека тоа треба да важи и кога станува збор за одржување локални или парламентарни избори на Србија на Косово.

„Одлучно ќе бараме од Белград да појасни дали планира да организира локални избори на Косово без одобрение од УНМИК и тогаш ќе видиме како ќе се развива тоа прашање, истакна Рикер

Прашан како ќе реагира УНМИК доколку Србија без одобрение, сепак, организира избори на Косово, Рикер рече дека тоа „ќе доведе до заклучок дека тие избори на Косово немаат валидност“. Тој најави дека администрацијата на УНМИК „за неколку дена ќе го има одговорот од Србија за ова прашање“. (МИА)


Статијата е прочитана 354 пати.

Испрати коментар

Од: imer,minhen
Датум: 07.04.2008 19:26:28
Idi ti Jimmi1 na Kosovo i organiziraj izbori,pa ke vidime kako ke pomines
Од: jimmy1
Датум: 07.04.2008 17:46:11
Eh Riker konju svetski, dali vie e pocituvavte rezolucijata 1244???? Prvo vie e prekrsivte i sto sega ve maci. Po se izgleda deka ti pojma nemas sto sodrzi rezolucijata 1244. Procitaja ubavi pa ke vidis koj ne e pocituva. Site vie sto ste dojdeni so nekakva uloga treba da ve ocistat do koren. Vie ste najgolemite zlostornici i ke mi kazuvas za nekakva rezolucija.

Најди! во Утрински
Свет
Да се обжали ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Спасени 200 жени и деца од заточеништво во мормонска секта во Елдорадо
Тешки времиња во долините на Андора
Мугабе се подготвува за „војна против народот“
Убиен министер во бомбашки напад во Шри Ланка
Вооружени лица киднапираа 42 студенти во Мосул