Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Спасени 200 жени и деца од заточеништво во мормонска секта во Елдорадо

Членовите на сектата веруваат дека еден маж треба да се ожени најмалку со три жени за да замине во рајот

ОСТИН - Властите во Тексас продолжуваат со рациите врз ранчот во сопственост на отцепена мормонска секта и од четвртокот извлекоа околу 200 жени и деца. Полицијата прво упадна во ранчот по информациите дека едно 16-годишно девојче било физички и сексуално злоупотребувано. Детективите трагаат по докази за брак меѓу девојчето и 50-годишен маж. Се верува дека таа родила на 15-годишна возраст. Сектата е предводена од полигамистот Ворен Џефс, затворен поради соучесништво во силување. Според тексашкиот закон, девојки помлади од 16 години не можат да стапуваат во брачна заедница дури ни со одобрение од родителите.

Вработените во Службата за заштита на децата од Тексас засега извлекоа 137 деца и 46 жени, кои се однесени на испрашување. Портпаролката Марли Меснер изјави дека тие се добро и дека официјалните лица остануваат на ранчот во потрага по уште деца. Веднаш не беше јасно дали девојчето што ја поттикна потрагата се' уште е на ранчот или е меѓу извлечените и допрва треба да биде идентификувано. Меснер не можеше да каже дали жените и децата заминале доброволно од ранчот. Локалните медиуми објавуваат дека се отворени прифатилишта за нив. Властите соопштија дека ниту една од 52-те жени и деца собрани во првата рација нема да се вратат на ранчот. На 18 од нив им се заканува понатамошна злоупотреба и ќе останат под надзор на државата, посочија тие.

Џефс, лидер на Фундаменталистичката црква на Исус Христос на светците од судниот ден, беше осуден откако принудил 14-годишно девојче да се омажи со свој роднина. Самопрогласениот пророк моментно очекува судење во Аризона за обвиненија за соучесништво и четири обвиненија за инцест и сексуален однос со малолетник што произлегуваат од два договорени брака.

Ранчот се наоѓа во областа Елдорадо, околу 260 км северозападно од Сан Антонио, Тексас. Не е познато колкумина живееле таму. Сектата која брои 10.000 приврзаници и која доминира во градовит�� Колорадо Сити во Аризона и Хилдејл во Јута се отцепи од главната мормонска црква пред повеќе од еден век. Членовите веруваат дека еден маж треба да се ожени најмалку со три жени за да замине во рајот. Жените, пак, се учат дека нивниот пат кон рајот зависи од покорноста кон сопрузите.

Полигамијата е забранета во САД, но властите наводно не сакаат да се конфронтираат со ФЛДС од страв да не предизвикаат трагедија слична на онаа во 1993 година на разгранокот на Давидовата секта во Вако, Тексас, што доведе до смрт на околу 80 лица. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Рикер_ Србија не смее да организира избори на Косово
Да се обжали ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Тешки времиња во долините на Андора
Мугабе се подготвува за „војна против народот“
Убиен министер во бомбашки напад во Шри Ланка
Вооружени лица киднапираа 42 студенти во Мосул