Брoj 2656  понеделник, 07 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Наука
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Мугабе се подготвува за „војна против народот“

Хараре - Владејачката партија во Зимбабве на претседателот Роберт Мугабе, Африкански национален сојуз на Зимбабве - Патриотски фронт (ЗАНУ-ПФ), побара од Централната изборна комисија повторно да ги преброи гласовите добиени во првиот круг од гласањето на претседателските избори на 29 март, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на информација на домашниот весник „Санди мејл“.

Партијата на Мугабе добила сигнали за направени грешки при пребројувањето на гласачките ливчиња и затоа инсистира на повторно пребројување. 

Опозицијата, меѓутоа, смета дека оддолжувањето на соопштувањето на резултатите од гласањето се должи на обидот на владејачката партија и на претседателот да ги фалсификуваат изборните резултати во своја корист. 

Партијата на Мугабе, исто така, го одби предлогот на опозициското Движење за демократски промени за формирање влада на национално единство, посочуваат агенциите, повикувајќи се на весникот. 


Статијата е прочитана 164 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Рикер_ Србија не смее да организира избори на Косово
Да се обжали ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај
Буш и Путин направија „попис на сработеното“
Спасени 200 жени и деца од заточеништво во мормонска секта во Елдорадо
Тешки времиња во долините на Андора
Убиен министер во бомбашки напад во Шри Ланка
Вооружени лица киднапираа 42 студенти во Мосул