Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Култура

Почина американскиот режисер Блејк Едвард

„Појадок кај Тифани“, „Пинк Пантер“ и „Виктор, Викторија“ се само неколку од култните дела на познатиот стручњак за комедии

Американскиот филмски режисер Блејк Едвардс, авторот култните дела „Појадок кај Тифани“, „Пинк Пантер“, „Виктор Викторија“ и „Десетка“, почина завчера на 88-годишна возраст. Како што пренесуваат американските медиуми Едвардс починал во болницата во Санта Моника од последици од воспаление на белите дробови, а до последниот момент крај него била неговата сопруга, познатата актерка Џули Ендрјус.

Блејк Едвардс важеше за стручњак за комедии. А тој изјавуваше дека, како дете од филмско семејство, растел на филмовите на Чарли Чаплин, Бастер Китон и двоецот Лорел и Харди. Вештината на создавање комични ликови, како што самиот објаснуваше, ја учел низ практика, а никогаш не била инстинктивна.

Првиот поголем успех Едвардс го постигна во 1959 година со филмот „Операција петикоут“ со Кери Грант и Тони Кертис. А светска слава, дефинитивно, му донесе адаптацијата на романот на Труман Капоте, „Појадок кај Тифани“ со Одри Хепберн и Џорџ Пепард. За жал, Блејк Едвардс не доби „Оскар“ за овој денеска легендарен филм, како ни за класикот на комедијата „Пинк Пантер“ од 1963 година, со кој го создаде бесмртниот лик на инспекторот Клузо. Овој лик стана заштитен знак на актерот Питер Селерс, иако Блејк Едвардс подоцна изјавуваше дека снимањето со Селерс било вистинско шизофрено искуство.

Огромен успех Едвардс постигна и со неверојатниот светски хит, музичката комедија „Виктор, Викторија“, во кој незаборавна улога даде неговата сопруга Џули Ендрјус. А голем хит беше и „Десетка“ со убавицата Бо Дерек и Дадли Мур.

Неправдата спрема овој исклучителен автор, кој беше сценарист, режисер и продуцент на стотина филмови, беше исправена дури во 2004 година, кога Американската академија му врачи почесна награда за неговото „исклучително целокупно творештво“. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 480 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Детска радост“ го објави „Три силни жени“ добитник на „Гонкур”
Книги на лош глас
Циклус на чешки филм во Кинотека
Прва англиско-македонска збирка на мудрости
Ученици на ДМБУЦ наградени во Белград
Концерт на пијанистот Игор Панчевски
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Промовиран проектот „Минатото денес“
Филмот „Бучно“ на маркетите во Ротердам и во Берлин
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links