Концерт на пијанистот Игор Панчевски
Во Музејот на град Скопје, вечерва во 20 часот, концерт ќе одржи пијанистот Игор Панчевски, кој моментно е на постдипломски студии на Музичкиот конзерваториум во Сан Франциско, Калифорнија, САД. Панчевски ќе изведува дела од Бах, Дебиси, Бетовен и од Шопен.
Игор Панчевски (1986) средното образование го почнува во Скопје, а го завршува на уметничката академија „Интерлохен“ во Мичиген, САД. Дипломира на Музичкиот конзерваториум во Охајо, САД. Досега има освоено повеќе национални и меѓународни награди, меѓу кои се издвојуваат две први специјални награди на републичките натпревари во Скопје, први награди на натпревари во Белград, Рим, Горица, Италија и во САД... |