Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Култура

Циклус на чешки филм во Кинотека

Меѓу петте современи чешки филма се документарецот „Граѓанинот Хавел“, сниман цели 13 години, и наградуваната воена драма „Тобрук“

Од денеска до 22 декември во Кинотеката на Македонија ќе се одржи циклусот на современ чешки филм, кој носи многу интересни пет остварувања од последниве две години.

Циклусот во 20 часот ќе го отвори документарниот филм „Граѓанинот Хавел“ на авторската двојка Мирослав Јанек и Павел Кутецки, кој годинава беше прикажан на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во рамките на Документарната програма и привлече големо внимание. Станува збор за филм кој е сниман цели 13 години, во кој ја следи кариерата на Вацлав Хавел, но и некои приватни моменти и неофицијални комуникации, што фрла едно поинакво светло на настаните од тоа време, но и на личноста на Хавел.

Во недела и во понеделник следуваат остварувања на две режисерки, кои се фокусираат на проблемите и дилемите на младите генерации. Првиот е „Кој се плаши од волкот лош?“ на Марија Прохаскова, кој се осврнува на светот на едно мало девојче, кое се обидува меѓу фантазијата и реалноста, да го пронајде своето место. А вториот, „Ноќни птици“ на Михаела Павлатова на необичен начин се занимава со тоа, каде е смислата на животот низ очите на младата 19-годишна девојка.

Претпоследниот ден ќе се прикаже првиот дел од комедијата „Грозје“ на Томаш Барина, како што велат, една летна комедија за двајца пријатели што живеат како измамници. Циклусот завршува со воената драма „Тобрук“ на Вацлав Мархул, кој освои три „чешки лава“. „Тобрук“ е филм за познатата битка од 1941 година, кога овој севернолибиски град беше опседнат од германски и од италијански војски.

Сите проекции ќе се одржат од 20 часот. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 479 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Детска радост“ го објави „Три силни жени“ добитник на „Гонкур”
Книги на лош глас
Почина американскиот режисер Блејк Едвард
Прва англиско-македонска збирка на мудрости
Ученици на ДМБУЦ наградени во Белград
Концерт на пијанистот Игор Панчевски
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Промовиран проектот „Минатото денес“
Филмот „Бучно“ на маркетите во Ротердам и во Берлин
 

The EU saved 140 million people last year, says aid commissioner
Serbian president re-elected as party leader with massive majority
Kosovo election commission orders vote re-run