Број 3460  сабота, 18 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Култура

Филмот „Бучно“ на маркетите во Ротердам и во Берлин

Македонскиот долгометражен игран филм „Бучно“ на режисерката Анета Лешниковска ќе биде претставен на два копродукциски маркети, кои се одржуваат во рамки на Филмските фестивали во Ротердам и во Берлин.

Како што известуваат од продукцијата „Ака филм“, во конкуренција од над 430 апликации од светот, „Бучно“ е избран да се презентира на се' попознатиот маркет „Синемарт“ во Ротердам, кој ќе се одржи од 30 јануари до 2 февруари, за време на фестивалот кој годинава ќе трае од 26 јануари до 6 февруари.

Додека, на годинешното Берлинале (од 10 до 20 февруари) односно на маркетот „Бучно“ ќе биде презентиран пред потенцијалните финансиери и копродукциски партнери од 12 до 15 февруари. Овој маркет е еден од најзначајните и најпосетените во светот и е одлична можност за создавање солидна итернационална соработка.

Инаку, новиот филм на Анета Лешниковска „Бучно“ е поддржан од македонскиот Филмски фонд со 12 милиони денари, а засега е во копродукција со Family Affair Film од Холандија. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 449 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Детска радост“ го објави „Три силни жени“ добитник на „Гонкур”
Книги на лош глас
Почина американскиот режисер Блејк Едвард
Циклус на чешки филм во Кинотека
Прва англиско-македонска збирка на мудрости
Ученици на ДМБУЦ наградени во Белград
Концерт на пијанистот Игор Панчевски
Конкурс за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Промовиран проектот „Минатото денес“
 

Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links