Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Почина легендата Јосип Каталински

Легендарниот фудбалер на Железничар и прославениот репрезентативец на Југославија Јосип Каталински-Шкија почина во Сараево во 63. година по долга и тешка болест. Ќе остане запаметен како стрелец на победничкиот гол во незаборавната мајсторка против Шпанија кога Југославија на 13 февруари 1974 година во Франкфурт ја совлада Шпанија со 1:0 и се пласира на Светското првенство во Германија.

Јоспи Каталински е роден на 2 мај 1948 година во Илиџа, а фудбал почна да игра во Игман. Како талентиран младинец во 1964 година мина во Железниачар, а веќе наредната година дебитираше за првиот тим на мечот против Вардар во Скопје.

За Железничар настапуваше 10 години, одигра 269 меча, а иако беше одбранбен играч постигна 48 гола. Во синиот тим одигра вкупно 550 натпревари и постигна повеќе од 100 голови. Беше еден од најдобрите играчи на шампионската генерација на Железничар од сезоната 1971/72.

Првиот меч за репрезентацијата на Југославија го одигра во 1972 година против Венецуела, а водржавниот дрес настапи 43 пати. Претходно одигра и 30 меча за младинските категории. Од Железничар мина во француската Ница каде остана три години. Откако на 13 февруари 1974 година со голот во мајсторката против Шпанија ја одведе Југославија на Светското првенство во Германија, беше избран за најдобар фудбалер на Југославија.

Фудбалската кариера ја заврши во 1978 година поради се' почестите повреди. Беше ангажиран во фудбалскиот сојуз на БиХ од неговото основање и таму беше се' до своите последни денови.

„Знаев дека е тешко болен, но се надевав дека ќе заздрави. За жал, болеста беше посилна од сјајниот фудбалер и добриот човек. Игравме заедно во репрезентацијата во седумдесеттите години од минатиот век, а се дружевме и во Франција. Каталински играше за Ница, а јас за Бастија. Сите неизмерно го ценевме. Ова е огромна загуба за сите оние кои имаа среќа да го познаваат“, изјави легендарниот Драган Џаиќ.

„Во овој момент не можам да пронајдам вистински зборови. Каталински и јас многу добри работи минавме заедно. Сите се сеќаваат на тие квалификации за СП во Германија, на Атина, на Франкфурт, но ние двајцата памтевме и многу други натпревари, затоа што игравме заедно уште во младинската репрезентација на Југославија. Беше голем борец на теренот, играч кој диригираше со комплетната одбрана. Беше бескомпромисен, не се штедеше ниту секунда, знаеше со глава да оди на копачка. Знам дека беше борец и надвор од теренот и дека доби многу тешки битки, за жал, оваа последната не успеа“, се зборовите на уште една легенда од тоа време, голманот Енвер Мариќ.


#
Статијата е прочитана 850 пати.

Испрати коментар

Од: nevivac
Датум: 12.06.2011 14:05:20
vecna mu slava ,legendata ostanuva

Најди! во Утрински
Спорт
Црвенкоска се извини за дебаклот во Елче
Ракометарите, практично, на ЕП
Напредок останува прволигаш, Скопје се сели во Втора лига
Далас со фуриозна завршница на чекор до титулата
Венгер се предаде, Фабрегас може да си оди
Канада најавува Ф1-спектакл
Од славно минато до тажна сегашност

"""