Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Црвенкоска се извини за дебаклот во Елче

Ракометарките вечерва со Шпанија ќе се обидат достоинствено да се простат од СП во Бразил

Билјана Црвенкоска, во името на женската ракометна репрезентација на Македонија, и' се извини на целата македонска јавност за поразот од 37:22 против Шпанија во Елче, кој го направи без малку формален вечерашниот реванш од 20,15 ч. во СРЦ „Кале“. И Светското ��рвенство во Бразил најверојатно ќе остане неостварен сон за македонските ракометарки, како што беа СП 2009 во Кина и ЕП 2010 во Норвешка и во Данска.

„Не сме толку слаби за да изгубиме со 15 гола разлика. Ние сме истата репрезентација што лани два пати одигра нерешено со Холандија. Во Шпанија имавме само лош ден. Ќе сториме се' за да оствариме победа во реваншот“, изјави Црвенкоска, која со четири гола беше најефикасна во македонскиот состав во Елче.

Една од најискусните наши репрезентативки со своите 27 години, но и селекторот Гино Стрезовски немаат одговор на прашањето што им се случи во првата средба.

„Тежок и скандалозен пораз, каков што не треба да се доживее ни од Норвешка. Шест дена ги барам вистинските причини, но ги нема. Немавме толку технички грешки, туку слаба игра, со страв. Кога ќе се примат 37 гола, значи дека не чинело во одбраната, покрај која Шпанките многу лесно поминуваа. Во ниту еден момент не направивме класичен ракометен прекршок“, сумира Стрезовски. „Би било хазардерски да кажам дека ќе стигнеме 15 гола, но ако можеа тие да направат толкава разлика...“.

Голманката Дијана Наумоска на еден од последните тренинзи го повреди прстот и таа е единствената неизвесна за денешниот дуел. Него ќе го судат Германците Шалер и Вуцлер. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 829 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Ракометарите, практично, на ЕП
Почина легендата Јосип Каталински
Напредок останува прволигаш, Скопје се сели во Втора лига
Далас со фуриозна завршница на чекор до титулата
Венгер се предаде, Фабрегас може да си оди
Канада најавува Ф1-спектакл
Од славно минато до тажна сегашност

"""