Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Спорт

Од славно минато до тажна сегашност

Депортиво ла Коруња во 2004 играше во полуфиналето на ЛШ, а сега е второлигаш со долг од 80 милиони евра, а неговата судбина ја делат Монако и Сампдорија

Пред седум и пол години Монако и Депортиво на љубителите на фудбалот му го приредија најефикасниот меч во историјата на Лигата на шампионите. Во ноември 2003 година на стадионот „Луј Втори“ беа постигнати 11 гола, а Монако славеше со 8:3.

Депортиво се врати по тешкиот пораз и дотурка до полуфиналето во кое испадна на пенали од Порто на Мурињо, а Монако по исфрлувањето на Реал и на Челзи стигна до финалето.

Само седум години од тие денови на славата меѓу навивачите завладеа тага и голема загриженост. Нивната гордост доби по нос, турнати се еден кат пониско и ги чека неизвесна и маратонска борба за враќање во Првата лига. Нешто што навивачите на Лидс во уште потешка форма го доживуваа во 2004 година, три години откако славеа полуфинале во Лигата на шампионите.

Се претпоставува дека на Депортиво ќе му биде многу потешко. Клубот е оптоварен со големи долгови, наводно поголеми од 80 милиони евра (големи пари за град кој има 250.000 жители). Во прво време ќе биде среќен да не го прошири терминот „проклетство на Галиција“ и врз својата судбина. Во истата сезона кога Депортиво растураше во ЛШ, Селта играше во осминафиналето, но испадна од Примера. Во меѓувреме се врати во првата лига, повторно испадна и се најде на работ на банкрот. Не така одамна Депортиво во Европа ги исфрлуваше Милан со победа од 4:0 по поразот од 4:1, победуваше на „Олд трафорд“, „Хајбери“, „Деле алпи“, на минхенскиот Олимписки стадион.

Го освои шпанскиот куп на „Бернабе“ на 100. роденден на Реал и двапати едноподруго ја нокаутираше Барса на „Ноу камп“. Пет пати во серија играше во ЛШ, од славеничката 2000 до 2004, а ниту еднаш не беше полош од третото место. Од оваа есен животот ќе им биде Рекреативо и Гимнастик, Алкокорн и Хуеска.

Монако 15 години подолго од Депортиво го живееше прволигашкиот сон. Првиот бум го доживеа во средината на осумдесеттите, вториот во деведесеттите (финале на Купот на куповите), а последниот во средината на минатиот век (финале на ЛШ во 2004). Клубот од Кнежевството е седумкратен првак на Франција. Единствено Сент Етјен, Марсеј и денешниот второлигаш Нант имаат повеќе наслови.

Монако е клуб од богатиот Монте Карло, но во тоа богатство не живее преголема љубов кон фудбалот. Дел од градските сенатори едноставно не сакаат да го делат својот гламур со сиромашните навивачи кои следејќи го својот сакан клуб оставија свои траги по монегашките улици.

Најавувајќи го годинашното финале на Лигата на Шампионите на „Вембли“, хроничарите се присетуваа на триумфот на Барселона од 1992 година, а ретко се спомнуваше неговиот ривал во тој меч, Сампдорија. Клубот од Џенова уживаше во славата. Една година пред тоа финале беа прваци, а уште 365 дена пред тоа го освоија Купот на куповите. Сампдорија во тие години беше моќна, а денеска е второлигаш.

Во мај 2010 година Серија А ја завршија на 4. место, во август испаднаа во квалификациите од Вердер, а во јануари оваа година претседателот непромислено ги продаде Касано и Пацини. Без најдобрите напаѓачи,Сампдорија не можеше да постигне гол и да остане во лигата.


#
Статијата е прочитана 889 пати.

Испрати коментар

Од: Jas
Датум: 11.06.2011 12:48:16
I sega nekoj uste ke place deka Vardar i Pelister ispadnale vo Vtora (makedonska) liga...

Најди! во Утрински
Спорт
Црвенкоска се извини за дебаклот во Елче
Ракометарите, практично, на ЕП
Почина легендата Јосип Каталински
Напредок останува прволигаш, Скопје се сели во Втора лига
Далас со фуриозна завршница на чекор до титулата
Венгер се предаде, Фабрегас може да си оди
Канада најавува Ф1-спектакл

"""