Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Американка во потрага по македонските носии

Наеда Б. Робинсон во својата најнова книга „Македонските народни носии во исчезнување“
ја документира традиционалната облека на нашите жени

Учителка, ткајачка, светски патник и истражувач на македонските народни носии. Американката Наеда Б. Робинсон неодамна ја издаде својата најнова книга посветена токму на македонските носии „Македонските народни носии во исчезнување“ (Macedonian Village Dress: Going, Going, Gone). Во неа се документираат традиционалните облеки на жените во оддалечените планински предели во Македонија, кои датираат од пред комбинираниот вовед на комунизмот и индустријализацијата во 20 век.

„Македонски селски носии“ прекрасно ги илустрира исчезнатите стилови на македонските народни носии. Во неа има интервјуа со многу лица и фотографии од стотици парчиња облека, вклучувајќи и детали за техники за украсување, како што е везот.

Истражувањето на Робинсон беше поддржано делумно од Здружението за носии на Америка и Меѓународната фондација за музика и уметност и Институтот „Еартвоч“. Нејзиниот прв истражувачки проект во Македонија, финансиран од институтот „Еартвоч“, ��а претстави на Етнографскиот музеј во Битола во 1995 година. Откако ја виде обемната, но недокументирана колекција на носии на Музејот, Робинсон веднаш најде потреба за теренско истражување за да ја забележи и да ја зачува богатата историја и културните традиции што ги карактеризираат народните носии на Македонија.

Како истражувањето ја донесе оваа Американка во планините во Македонија? „Ми беа потребни осум години да посетам многу села и да ги интервјуирам луѓето што останале во нив по комбинираното воведување на комунизмот и индустријализацијата. Тие беа постари баби и дедовци што не се преселиле во градовите, како што го направиле тоа нивните деца, туку останале да живеат во селата во голема мера како што живееле и пред многу години“, вели Робинсон.

„Во 1995 година почнав да ги истражувам деталните свадбени комплети за кои знаевме дека постојат, бидејќи се претпоставува дека постарите жени биле погребувани во своите свадбени носии, значи ги зачувале. Навистина не најдовме ниту една свадбена носија, бидејќи тие заминале со нивните сопственици во градовите, а ние одевме во селата од каде што потекнуваат тие. Една жена имаше невестински фустан од црно кадифе, што, секако, бил облекуван врз долга кошула што се наѕирала под неа и околу ракавите, но кога ја прашавме дали би го облекла за нас, таа негативно одговори велејќи дека го чува за да биде погребана во него за да ја препознае сопругот“.

Во своето интервју Робинсон вели дека во Македонија се' уште има многу свадбени носии, а луѓето со кои разговарала и' препорачувале дека ако сака да ги најде, мора да се качи во планините. „Постојано ми велеа ако отидам во планините, ќе ги најдам. Така и почнав, и беше прекрасно. Во неколку села се вративме повеќепати, трипати во период од неколку години, бидејќи таму имаше нешто за кое ќе се сетив дека го сакам за да ја комплетирам носијата или да дознаам нешто повеќе“.

Наеда Б. Робинсон претстави многу примероци од македонските носии на годишниот симпозиум на Здружение за носии на Америка во 2007 година во Сан Диего, Калифорнија. Како успеа да ги собере парчињата?

„Никогаш не прашував дали бабите би сакале да продадат нешто. Првично, немав желба за тоа, бидејќи сметав и се' уште сметам дека облеката им припаѓа на селата со нивните креатори. Меѓутоа, направив исклучок вториот ден кога одевме по селата. Во домот на вдовецот по име Илија, мојот асистент Васе Робев ме праша дали би сакала да купам нешто, на што одговорив негативно, и потоа тој рече: „Но, Наеда, сопругата на Илија почина пред седум години и неговата ќерка ја однесе свадбената носија во Велес“, кој е голем град, и тој има ковчег со мираз со сите преостанати парчиња во него, и дали би сакала да го купам? Некое време се колебав и го одбегнував одговорот, а потоа го купив. Тоа беше ковчег со богатство од облека, но секојдневна изветвена облека, поголемиот број парчиња, и на неа се забележуваше прогресија на везот, од многу едноставен до многу детален. По таа случка мина навистина долго време пред да купам и други работи“, додава авторката на книгата за македонските носии.

„Па така, во наредните три години навистина купив одредени парчиња облека, бидејќи во секое село секоја баба имаше сопствен сандак со мираз за невеста, со преостанати парчиња од нејзиниот мираз, зашто свадбената облека заминала кај нивните деца. Жените сакаа да зборуваат за нив и за сите свадбени традиции што оделе со нив, а Васе интервјуираше некои од мажите и доби интересни стории што се пренесени во книгата. Исто така, направивме и голем број фотографии“.

(Ворн тру)

l На мојата експедиција во 1995 година му бев претставена на Музејот во Битола, вториот град по големина во Македонија. Тие имаат многу добар етнографски музеј и ми покажаа некои од парчињата облека од нивната колекција. Беа величествени, но секоја облека имаше етикета на која го пишуваше само селото од каде што потекнува, годината, и што е, дали станува збор за фустан или елек - ништо друго за нив, воопшто ништо. Повторно разгледувајќи ја таа колекција, ме поттикна да ги посетам планинските села и да го направам моето теренско истражување.


l Со помош на Меѓународната фондација за музика и уметност во Лихтенштајн мојот тим и јас му помогнавме на Музејот да добие кабинети за чување на парчињата облека, да набави и да имплементира компјутер и софтвер за менаџмент на колекции и да се направат дигитални фотографии на сите облеки, со претпоставка дека тоа би довело до истражување.


l Речиси на секоја страница од „Македонски селски носии“ има фотографии на облеки во боја, детали за нив и селани облечени во традиционални носии, вклучувајќи и многу постари фотографии на селани во народни носии, кои датираат од почетокот и во средината на 20 век. Со книгата доаѓа и ЦД со фотографии на колекцијата носии од Етнографскиот музеј во Битола, кое содржи речиси 1.000 ракотворби. Иако сакав да бидат вклучени и примероци од сево ова, фотографираните селани и Музејот преферираа нивните фотографии да не бидат размножувани надвор од книгата и од цедето.


#
Статијата е прочитана 1337 пати.

Испрати коментар

Од: martin
Датум: 27.01.2011 22:55:13
jas imam nosii za prodavanje stari se i po 150 godini,,od reonot na osogovijata se,,kakoda kontaktiram so licnosta sto gi otkupuva

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
СДСМ да го предаде Карпош
Протест со протест се побива
Обама во битка со иднината
Заштитени дивоградби
Згасна македонскиот јазик на Би-Би-Си
Починала пред породување
Трошиме двојно повеќе отколку што заработуваме
Кој влегува во трката за евровизиски претставник?
Притисок
Демократија само во име(то) на партијата
И песни и солзи за 30. роденден
Карикатура
Горки маки за лекување
Откажана средбата на Милошоск�� со Друцас
Продадени повеќе е-книги од печатени
Најмалку 11 загинати на траект во Индонезија
Рома последен полуфиналист во Купот