Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Протест со протест се побива

Паралелните демонстрации на незадоволство се резултат на партиократскиот режим во државава, велат експерти

Александра М. Митевска


Настаните во скопски Карпош каде што се водеше жестока вербална војна меѓу локалната администрација и поддржувачите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ (која во оваа општина е во опозиција), ги покажаа на дело сите фалинки на контрапротестите, како дел од стратегијата за борба против политичките противници. Тоа што не се случи пред седиштето на СДСМ за време на протестот и контрапротестот на тутунарите, лесно можеше да се случи во единствената скопска општина што е под контрола на опозицијата, каде што кавгите меѓу спротивставените групи граѓани беа на раб на инцидент.

Според експерти, со зачестените протести и контрапротести дополнително се разгорува политичката атмосфера и се продлабочуваат поделбите меѓу граѓаните. Така и политичките фрустрации се префрлаат на одредени категории граѓани, а проблемите само се таложат, место да се решаваат.

Универзитетскиот професор по социологија, Илија Ацески, вели дека вакви случувања се карактеристични за партио��ратски општества. „Битката за решавање на проблемите не се води во институциите, бидејќи власта таму секогаш е надмоќна, туку се сели на улиците. Така политичката битка се претвора во театар и така завршуваат овие партиократски системи“, објаснува Ацески.

Партиократијата, според него, има плодна почва во Македонија и поради тоа што на политичката сцена нема трета опција што би ги загрозила двете доминантни партии што водат беспоштедна битка. За трета опција, појаснува професорот, не можат да се сметаат партиите од албанскиот блок бидејќи тие секогаш се приклучуваат кон една од партиите од македонскиот камп, без оглед на идеологијата. „Затоа граѓаните во државава живеат како во некоја зачадена просторија зашто од силните конфронтации меѓу двете партии не може да се види што е вистина. Така јавноста станува жртва на политичките конфронтации и на силните медиумски кампањи, па не може да проникне во сржта на проблемот околу кој се протестира. А, секој поединец што ќе заземе страна, веднаш добива и политичка етикета. Затоа и е толку голем процентот на неопределени гласачи“, вели Ацески.

Оливер Андонов, експерт за мир и развој, оценува дека една работа е генералната битка на власта против опозицијата и обратно, а друго е кога таа битка ќе навлезе во сфера на лична дискредитација на поединци.

За случајот со Карпош, тој смета дека протестите пред општинското седиште, организирани од партијата што ја контролира централната власт, не се толку насочени кон СДСМ, колку што имаат цел да го дискредитираат градоначалникот од сдсмовските редови.

„Социјалдемократите не се толку јаки во Карпош, колку што е влијателен Јакимовски како градоначалник. Од ВМРО-ДПМНЕ веројатно процениле дека тој би можел да им ги загрози позициите, особено ако на следните избори се кандидира за градоначалник на Скопје“, објаснува Андонов. Според него, зачестените протести и контрапротести се нешто веќе видено. „Сме го гледале тој синдром во Србија. Сме виделе како власта протестира против опозицијата само за да докаже кој е поброен и помоќен. Но, на таков начин уште повеќе се заоструваат конфликтите во општеството и се продлабочува јазот меѓу граѓаните бидејќи политичките конфронтации се префрлаат на конкретни групи - земјоделци против тутунари, студенти против професори, стечајци против стечајци. Така не се решаваат проблемите, освен што се прикриваат други проблеми што во меѓувреме искрснуваат“, потенцира Андонов.




#
Статијата е прочитана 1409 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 27.01.2011 12:50:45
Ќе повторам што рече некој-Тешко е во денешно време да си Вмровец.Ќе те шетат со еден геврек.Да урлаш а да не знаеш зошто.
Од: cilev
Датум: 27.01.2011 13:49:44
na maked i pretstojat golemi nemiri narodot nemoze povecer nikogas nemalo vlada bez srce samo misli za sebe kamen spomenik im znaci povece otkolku covecki zivot maked se povece nalikuva na belorusija i moldavija ako nese vrati sds makedonija ce explodira od nezadovolstvo.
Од: sime
Датум: 27.01.2011 13:58:25
Tipicno Milosevicevski nacin..... cestitki za Grujo, odlicno go primenuva receptot vo Makedonija......
Од: Сергеј
Датум: 27.01.2011 14:09:59
Ако организирањето на вакви контрапротести има за цел да ја покаже поддршката на власта, тогаш бројноста на лицата на контрапротестите сведочи дека оваа власт нема никаква подршка! Земјоделците собрале 10 000 незадоволници пред Собрание, а на контрапротестот имаше стотина задоволници, и тоа (пот)платени. Тоа само по себе зборува за „поддршката“ која оваа власт ја „има“ во народот! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: pop
Датум: 27.01.2011 14:44:11
Dali nekoi politicki partii bukvalno gi svatile ili mozebi i ne gi razbrale nekoi narodni mudrosti kako"klin so klin se izbiva" no i "dva luti kamenja ne pravat dobro brasno".Ili mozebi im udrila "demokratijata"vo glava pa mislat deka "se sto leta se se jade" Dali nekoj visoko leya,a ne e magareto?
Од: todor
Датум: 27.01.2011 15:04:44
Klin se klinom izbija nekoj rekol ama ne dokazal deka rupa ostae
Од: Трпе
Датум: 27.01.2011 21:10:17
На очи и уши да не си веруваш.Дпмне-овците пракат протестанти кои не знаат за што протестират.Задоволни се само да бидат актуелни пред камера.Ѓаволот ниту ора,ниту пак копа се може да се случи,некои од тие протестанти некогаш може да ги видиме и како министри.Што е важно што незнат зошто протестират а посебно студентите сигурно немат некои свои барања ако не им кажње пастирот.
Од: Ја
Датум: 27.01.2011 21:18:47
Протест и „контрапротест“ на тутунарите.Грешка голема, зашто на „контрапротест“ не беа тутунари. Лично знам зашто помеѓу нив беа и мои блиски познаници кои од тутун знаат само цигара а и неа не ја фаќаат в рака а уште помалку знаат што е мотика.Заслепени вмрОВЦИ кои послушно одат по сулудите идеи на нивниот вожд-фирерчето.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
СДСМ да го предаде Карпош
Обама во битка со иднината
Заштитени дивоградби
Згасна македонскиот јазик на Би-Би-Си
Починала пред породување
Трошиме двојно повеќе отколку што заработуваме
Кој влегува во трката за евровизиски претставник?
Притисок
Демократија само во име(то) на партијата
И песни и солзи за 30. роденден
Карикатура
Американка во потрага по македонските носии
Горки маки за лекување
Откажана средбата на Милошоски со Друцас
Продадени повеќе е-книги од печатени
Најмалку 11 загинати на траект во Индонезија
Рома последен полуфиналист во Купот