|
|
|
|
|
|
Трошиме двојно повеќе отколку што заработуваме
Сите живееме во некоја сопствена инфлација, многу поразлична од онаа што ја покажува официјалната статистика Маја Томиќ
Знае ли македонскиот граѓанин колку изнесува неговата лична инфлација? Секој ќе одговори, не. Но, ќе потврди дека сигурно троши повеќе отколку што изнесува неговата месечна плата. Што значи, стандардот го крпи со кредитни картички или кредити, бидејќи без нив реално не може да го преживее месецот. Со други зборови, сите ние живееме во некоја сопствена инфлација, многу различна од онаа што ја покажува официјалната статистика.
Додека Државниот завод за статистика ја мери инфлацијата, која лани изнесуваше 3 проценти, според потрошувачката кошничка во која има 597 производи што најмногу се трошат во 8 града во земјава, Центарот за економски анализи направи посебен калкулатор за пресметка на персонална инфлација со кој секој од нас може да си ја пресмета инфлацијата. Во прашалникот на ЦЕА се опфатени повеќе производи и услуги без кои не може да се замисли денешната живејачка. Кога тој ќе се пополни заедно со сумите потрошени на разни месечни потреби, се прави споредба на трошоците со истиот месец претходната година, односно автоматски се покажува висината на личната инфлација.
А, кој и да посака да си направи лична пресметка на инфлацијата, ќе се зачуди кога ќе го види крајниот резултат. Вообичаено, тој покажува дека едно просечно семејство троши двојно повеќе отколку што му изнесуваат месечните приходи. На пример, ако некој во јануари 2010 година имал плата меѓу 19.000 и 21.000 денари, за сите животни потреби во тој месец, според калкулаторот, потрошил всушност 50.700 денари. Или, неговата персонална инфлацијата изнесувала 0,57 отсто, во споредба со јануари 2009 година. „Не постојат индивидуи што имаат иста потрошувачка кошничка, според тоа, нема две лица исто погодени од порастот на цените, односно инфлацијата. Затоа Центарот за економски анализи го креира првиот калкулатор за персонална инфлација во Македонија, кој прецизно и брзо може да го пресмета влијанието од промената на цените врз нашиот личен буџет. Со тоа ќе се елиминираат стравот, дилемите и несигурноста од информациите за стапката на инфлација во земјава, објавена од ДЗС, од економските аналитичари или од медиумите“, посочи на вчерашната прес-конференција, Борче Треновски од ЦЕА.
Калкулаторот на ЦЕА содржи 12 групи производи, соодветни на интернационалната класификација ЦОИЦОП. Земени се предвид: храната и безалкохолните пијалаци, водата, електриката и другите горива, покуќнината, мебелот и одржувањето на покуќнината, здравјето, сообраќајот, комуникациите, рекреацијата и културата, образованието, хотелите и рестораните и другите стоки и услуги.
Страната на ЦЕА, www.cea.org.mk, која е бесплатна, досега ја употребиле 80 лица. Според резултатите од анализираниот период, крајот на 2009 и првиот квартал од 2010 година, најголем интерес, или 67 отсто од лицата имале ниски месечни приходи, меѓу 3 и 6 илјади денари месечно. Со основно образование биле 64 отсто, а 28 проценти со високо, 66 отсто од корисниците на калкулаторот биле невработени, а 31 отсто вработени. При тоа, персоналната инфлација кај невработените била измерена на 1,15 отсто (јануари 2010, јануари 2009 година), додека кај невработените и студентите изнесувала 0,05 отсто. Таа кај нив е помала затоа што овие лица најмногу се откажуваат од трошењето на одредени производи и услуги. Инфлацијата е повисока кај вработените и кај оние со повисоки плати затоа што тие повеќе трошат и се поизложени на континуираниот пораст на сите цени. Па, по таа логика, најголема персонална инфлација од 7,65 отсто имале лицата со месечни приходи од 45 до 48.000 денари кои имаат зголемени потреби за трошење. Персоналната инфлација во семејствата со три и повеќе члена изнесувала 1,73 отсто, а кај оние со еден и два члена - 0,02 отсто.
|
#
|
Статијата е прочитана 2533 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 27.01.2011 12:39:36 |
|
Блазе си им на тие кои си имат картици,И си влагат во була.Да преживеат до кога.Но што со оние кои земат по 5-6 илјадарки или социалците кои земат по 20 евра.Кај се тука стечајци,Лозари,тутунари,бездомници. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 27.01.2011 13:18:31 |
|
Во оваа држава има многу пари, ама црни односно нелегално заработени . Со плати од по 200-300евра не може да се оди по Грција, да се купуваат коли и да нема празно место у кафана.Кога се менуваше еврото излегоа 2 милијарди евра на виделина само кај граѓаните и уште толку во странство ги заменија парите за да не им ги откријат кој колку има се кеш пари батка. Така си е македончето скроено тоа му е филозофија на живот, викај само нема нема и терај работа. Да се 30% невработени луѓе по улица луѓе живи ќе јадат. Во овие земји кај што има социјални немири невработеноста е од 15-20% и пак протестираат. Системот треба да се трансформира од корен. |
|
|
|
|
|
|
Од: piperka |
Датум: 27.01.2011 13:41:59 |
|
Velite 64% imale Osnovno Obrazovanie.....Pa kolku pari ocekuva nekoj koj nema osnovno obrzaovanie....Ostajte ja Makedonija nastrana odete vo Amerika ili EU sto mislite ovie luge kolku ke zarabotuvaat tamu ili kolku od voopsto ke imaat rabota...Potrosuvackata kosnicka nikade vo svetot ne e realna tuku e bazirana na "fingirani rezultati" vo Kanada naprimer vo osnovnata inflacija ne se zemaat takanarecenite volatile prices kako hranata i gorivoto a se zemaat vo obzir cenata na oblekata....Pa jas kupuvam goirvo i jadam sekoj den ama ne kupuvam pantaloni sekoj den.....Sekoj poedinec si e odgovoren za sopstvenata sreka i tie bez skolo normalno ke nemaat leb da jadat... |
|
|
|
|
|
|
Од: Zoran |
Датум: 27.01.2011 17:31:45 |
|
Mnogu od lugeto vo Makedonija ziveat vo tivok ocaj i siromastija i prezivuvaat so po 6000 denari mesecno, daleku od brojkite so gi citame po vesnicite i televizija.
Toa e (ne)zivot vo koj stedite bukvalno na sekoja sitnica - na jadenje, struja, greenje, obleka, izleguvanje itn. Narodot ne za dzabe rekol: Sitiot ne mu veruva na gladniot. |
|
|
|
|
|
|
Од: pc |
Датум: 27.01.2011 17:53:27 |
|
se izvinuvam ama dali nekoi sto isprakaat komentari imaat zemeno vo predvid kolku luge postojat nevraboteni so DIPLOMI...ne treba da gledame samo od nasa gledna tocka kako stojat rabotite i od nasiot krug na prijateli posto realnosta e mnogu porazlicna.Samo poradi to so nekoi resile da ostanat so sredno ili osnovno ne znaci deka treba da bidat osudeni na siromastija i da nemaat leb da kupat...ne se krivi lugeto,kriva e vladata i opsto site politicari so ne se interesiraat za sostojbata na drzavata tuku samo kolku i koga ke ukradat od drzavnite kasi...edno parce hartija ne go pravi covekot da ima pogolema vrednost...i plus postojat mnogu luge koi ne mozele da prodolzat da se obrazuvaat poradi losata ekonomska sostojba vo semejstvoto.Posto nas imase nekoj pari da ne poddrzi za da zemime edna diploma ne znaci deka treba da letnime vo oblaci i da gi ponizuvame drugite do nas...so vikate?piperka? |
|
|
|
|
|
|
Од: nebulozen |
Датум: 27.01.2011 19:52:02 |
|
Mene ne mi e jasno kako bre se vo ovaa drzava se naplakja,duri i izmisleni raboti.Na primer nisto bez notar-sudska presuda treba da bide zaverena na notar(500-1000 denari)Sto e homologacija?Da go vidat brojot na shasija i motor,shto redovno prethodno pri prva registracija i bese besplatno sea se naplakja 60 evra(neverojatno),posle TUV sho e bre toa TUV,90 evra(grabez)Sudski prevod na faktura?Faktura e faktura bre-500 denari,aj kaj sudski prevod pa i zavereno kaj notar treba da bide ushe 500 denari.CELA NACIJA E SO ISPRAN MOZOK.Alal neka ni e |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 28.01.2011 00:27:53 |
|
Да мора да му веруваме на владиниот завод за статистика.Да не ги спомнувам функционерите на кои изворите им преминуват од поточиња во реки.Да направам споредба со мој сосед.Јас живеам во стан од 32 квадрати наследство и возам југо,мојот сосед кого го гледам низ прозорецот има куќа од околу 500 квадрати и викендици во Маврово и Охридско.Има возен парк за цело семејство од 500 илјади евра.Можно е да имал мајка медецинска сестра(па тие се доста штедливи).И на крај владина статистика кажува дека се троши повеке отколку што се заработува. |
|
|
|
|
|
|
|
|