|
|
|
|
|
|
Поглед
Заштитени дивоградби
Билјана Ангеловска
Блазе си им на оние што имаат изградено куќи на атрактивни места, како што е национален парк, парк-шума, или заштитен појас крај езеро, а министерот за животна средина им е пријател. Никогаш нема да им биде урната куќата. Не оти досега живееле во страв од инспекција, ама дури сега ќе спијат мирно. Раат можат да бидат и оние што му се симпатични на министерот за транспорт, евентуално и на градоначалникот на општината во која е дивоградбата. Зашто нејзината легализација ќе зависи исклучиво од волјата на овие функционери. Така барем вели Законот за дивоградби.
А, такви објекти има на претек. Само во парк-шумата „Водно“ во Скопје има над 200 и тоа во популарното Шпанско село, во Горно Нерези, Трнодол, Жданец. Не е мал бројот на дивоградби ниту во парк-шумата „Гази Баба“. Да не зборуваме за објектите изградени во националните паркови „Маврово“, „Пелистер“. Охрид и неговата околина, пак, се приказна за себе.
Кој социјалец би се дрзнал да гради куќи на вакви места! Не дека во Трпејца и во Пештани нема сиромашни мештани, но повеќето од изграден��те вили(чки) ич не личат на од немајкаде прикрпени куќарки за живот. Зошто тогаш овие граѓани да се наградат и за тоа што го прекршиле законот да можат за без пари да си ги легализираат дивоградбите? Сосема е неважно кои се и што се тие луѓе, дали се од ВМРО или од СДСМ, дали се директори, лекари, бивши или сегашни функционери. Важно е дека го прекршиле законот. И тоа не еден закон и не еднаш. Не само што изградиле објект спротивно на градежните прописи, туку го сториле тоа и во заштитено подрачје. Кој им е крив на кафеанџиите во Скопје што отвориле тераси на своите кафулиња по тротоари. Требало да си изградат кафеани во парк. Така ќе беа заштитени, од сите аспекти. Вака, ќе ги урнат. |
#
|
Статијата е прочитана 1108 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ajde so Mugabe! |
Датум: 27.01.2011 12:24:28 |
|
Ovaj zakon za legalizacija na divogradbi, e najkoruptiven kriminalen i licemerno se koristat socijalnite slucai da visokoite partiski funkcioneri si gi legaliziraat svoite vili i palati , se pod plastot demek eve im pomagame na siromasnite i socijalcite. Kakvi siromasni se tie koi izgradile palati na vodno , Nereci, kapistec od po 500 pa i 1000 m2. Pa dobro bre kogo dupite vo zdrav mozok?Ako vo ovaa drzava voopsto postoi Ustav , Ustaven sud i zakon, ovaj zakon legalizacija treba da padne kako krusa. Ako ne togas daj da se spoime vo konfederacija so prijatelska Zimbabve. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 27.01.2011 20:24:16 |
|
Забелешката е на место не треба се упати до градоначалниците и советниците по општините.Зошто воопшто дозволиле да воопшто и да почнат да се градат дивоградбите зошто не ги спречиле на време.Вероватно одмолчувањето било поткрепено со ,,зелени шушки,, или на партискиот другар му се прогледувало низ прсти. |
|
|
|
|
|
|
Од: ivona |
Датум: 28.01.2011 09:18:03 |
|
samo koga e vmro na vlast ne se pocituvaat zakonite koi normalno sekoja normalna drzava gi pocituva,taka go podeli narodot so otkupot na dvorno mesto ,edni po 4ri evra,a tie sega poedno evro,koj mu dava za pravo toa da go pravio na svojot naror,ili sega za divogradbite ,nekoj ke plaka normalni komunalii po metar izgradena povrsina,a sega edno evro za legalizacija ,kakvi se ovie nenormalni zakoni za nenormalni drzavi kako nasava nepismena i unistuvacki za gradanite, za edni majka za edni mekea. |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 28.01.2011 10:43:36 |
|
Odlicen napis i sto e najvazno vistinit.No jas bi postavil javno edno prasanje od praven aspekt.Prasuvam kako e voopsto mozno da se LEGALIZIRA nesto sto e NELEGALNO odnosno sprotivno na zakonot.Za takvo nesto dosega nemam nitu cueno nitu procitano,toa e uste balkanski erbaplak nesto da se zabosoti i da se zaobikli zakonot.Do koga ovie nasi balkanski prostori ke bidat poznati samo po vakvi losi raboti.Samo edno bi sakal da znam koj e " genijalecot "na kogo prv mu padnala na um ovaa idea.Si mislam i toa sto li si mislat evropjanite mislam na zapadna Evropa,tamu voopsto ne poznat poimot divogradba ili potocno neazkonskoi izgraden gradezen objekt!! |
|
|
|
|
|
|
|
|