Италија
Рома последен полуфиналист во Купот
28.01.2011, 10:47
На Милан, Интер и Палермо синоќа во полуфиналето на Италијанскиот фудбалски куп им се приклучи и екипата на Рома.
Во последниот четвртфинален дуел, фудбалерите од Рим на гостувањето во Торино успеаја да го совладаат Јувентус со 2:0. Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Мирко Вучиниќ во 65.минута обезбеди водство за „волчицата“, а пласманот го потврди Тадеи во судиското надополнување.
Двојките за полуфиналето се: Милан - Палермо и Интер - Рома.
Во оваа фаза од натпреварувањето ќе се играат и реванш натпревари. Првите натпревари се ќе се играат на теренот на Милан и Интер на 20 април, додека реваншите кај Палермо, односно Рома се закажани за 11 мај.
|