Поради нереагирањето на премиерот, се чини дека финансиските дубиози во МНР, констатирани од ревизорот, можеби и се толерираат
Еве помина уште една седмица, а се' уште нема официјална реакција од премиерот во врска со ревизорскиот извештај во МНР. Бидејќи наголемо се зборува дека Владата ќе му застане на пат на секој можен криминал, очекував дека по прашањето на МНР и финансиските дубиози направени во 2008 година ќе има посилна реакција. Зашто сите сме сведоци на долгите серијали кога се приведуваа полицајци, цариници, работници на патарина и слично, кои се обвинуваат за 5, 10, 50 евра. Тие минуваат месеци во притвор, без основни човекови права. Но, кога имаме на тацна случај со многу поголеми суми, нема реакција. За да биде иронијата уште поголема, од МНР изјавија дека биле задоволни од извештајот на ревизијата?! Бил многу подобар од другите години. Ова е невидено лицемерие и игнорантство, калкулирано врз неупатеноста на пошироката јавност. Барем за тоа се виртуози.
Од друга страна, пак, на Интернет ангажираните хеклери ми поставија прашање мене - дали би било поинаку јас да сум бил министер. Интересно е кога неуки те напаѓаат, односно во овој случај го бранат ненаменското трошење на народните пари. Решив да одговорам, затоа што во отсуство на вистинска полемика, ова прашање заслужува одговор. За жал, министерот нема одважност и храброст сам да одговори, па мора да ангажира неупатени лица, кои поради корка леб мора да го бранат тоа што не се брани. Груевски знае дека немав намера да бидам министер. Никогаш тоа не сум го побарал. Она што ме интересираше беше да се спроведе квалитетна реформа во МНР. На тоа работевме со години, додека ВМРО беше во опозиција. Беа вклучени десетици луѓе, по мерит-систем, кои се образувале и специјализирале во областа на надворешната политика. Исто така, на документот за реформа работеа и професионалци со долгогодишно искуство во МНР. Документот му е предаден на рака на Груевски во јуни 2006 година.
Уште во 2006 година во колумна напишав: „Реформата мора да почне веднаш. Не смее да се губи време. Мора да се изработат амандманите за измена и дополнување на Законот за надворешни работи, со цел да се заостри прашањето за работна, финансиска и безбедносна дисциплина во Министерството и во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП). Веднаш потоа мора да следува изработка на сите подзаконски акти (правилници, уредби, упатства и инструкции), со цел консеквентно имплементирање на Законот за надворешни работи, кој беше усвоен на почетокот на годинава. И на крај, сето ова треба да се одвива со максимална транспарентност. Вака може да се застане на нозе. Се' друго е конформизам и плитко гледање на нештата“.
Министерувањето на Митрева практично беше погодно за опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа не направи ништо позитивно и остави широк простор за дејствување и пр��мена на подготвената реформа. Митрева се покажа како исклучително отпорна министерка на професионални влијанија и доследно до крај ја спушти македонската дипломатија под нивото на секое достоинство. Но, мандаторот Груевски имаше проблем со МНР при составувањето на Владата. Сите бегаа од тоа Министерство. Зошто? Тоа Министерство беше толку искомпромитирано од неговиот дотогашен министер, па ќе беше ѓаволски тешко да се подигне на нозе. Сосе Министерството, Митрева ја искомпромитира и целата дипломатија, која затоа асоцираше на нешто сосема друго. Меѓутоа, од само нему познати причини Груевски се определи да го донесе од работа во Германија, привремено, Антонио Милошоски. Човек, кој годините додека бевме како партија во опозиција, не се појавуваше во партијата. Ниту, пак, беше дел од екипата за надворешни работи. Уште помалку помагаше да се состават програмите на комисијата. Исто така, познато е дека тој немаше искуство во надворешните работи. Со неговото повикување за министер, практично, Груевски се определи да постави човек кој нема ниту еден ден работно искуство во дипломатијата...
Македонската дипломатија, напротив, заслужуваше конечно некој да се зафати сериозно со работа и да ја постави на нозе. Наместо тоа добивме министер, кој се затвори во својот кабинет и ја води надворешната политика само со неколку луѓе. Тој е заинтересиран да посети што повеќе семинари и да се прошета. Тоа се однесува и на луѓето од неговиот кабинет, кој е составен од пријатели и од роднини. Упатените знаат дека воопшто не е заинтересиран како функционираат другите делови од Министерството и, секако, амбасадите. Поради тоа, може да му се случи да се исплатуваат илјадници евра во амбасадите за режиски трошоци, со пресметки кои не соодветствуваат со вистинските. Само ако министерот е незаинтересиран за законско работење може да се случи да се потрошат два милиона денари за службени патувања во 15 амбасади на лица од Секторот за финансиско и материјално работење, кои требало да помогнат да се изработат месечните извештаи за редовното финансиско работење. Истовремено, во амбасадите има со решение задолжени лица да ја вршат токму таа функција. Тие за тоа примаат и додаток на платите. Ревизијата констатирала дека токму поради ова се создава концентрација на функциите, што е ризик од необјективно прикажување на расходите. Згора на се', низа ДКП не доставуваат свои финансиски извештаи, со што се оневозможува објективна контрола.
Во Прага, каде што е сместен блискиот пријател на министерот, кој на почетокот на неговото министерување беше и државен секретар, пет месеци по ред се префрлале по 1.700 евра за закупнина, иако амбасадата е вселена во објект кој и' припаѓа на нашата држава. Што е ова ако не расфлање на народните пари. Како никој да не е заинтересиран да контролира колку и каде се префрлаат парите на Министерството. Или, министерот не смее да чепка по суверената амбасада во Чешка, знаејќи ги линковите на Илиевски?
Од политичка гледна точка, катастрофа е да се утврди дека и покрај крвничкото трошење на парите во МНР, не се уплатени членарините на Република Македонија во меѓународните организации или тоа се прави со огромно задоцнување. Во МНР не се воспоставени постапки што ќе следат дали се вршат исплати во организациите во кои членува Македонија. Што е ова ако не несериозен однос на министерот? Но, се чини, поради нереагирањето на премиерот дека тоа можеби и се толерира. Но, ова не е се'. Ревизорскиот извештај набројува и многу други неправилности и незаконско работење. Нема логика да продолжам. Ќе ми бидат потребни уште неколку текстови за да набројам се'. Затоа ги упатувам заинтересираните внимателно да го прочитаат извештајот на Интернет. Се надевам дека на овој начин ќе се подигне свеста на јавноста за тоа како се трошат државните пари.
И на крај да одговорам на прашањата од почетокот на овој текст, дали ќе било различно јас да сум бил министер. Да, господа. Доколку бев на која било одговорна позиција во МНР, сигурно немаше да биде вака. Затоа што знам со што се соочувам и како треба да се направи реформа.
ej filip, se sekavam pred da zaminis vo SAD za konzul, kako te izdrapa ona Biljana sekulovska na A1 koga ne go znaese imeto n adrz.sekretar za odbrana na SAD, togas trebase da si zaminis od studi a ne da te isprasuva kako ucenik, a sto ke se slucese ako te prasase koj e glaven grad na SAD-ke bese rezil. No nastrana ironijata, minister za andvoresni nitu Antonio nitu pak ti, treba covek koj edvaj da ima kosa na glvata, i taa sto ja ima celata mu e bela, ima brcki-znaci covek sto pominal urk ai vreteno vo diplomatija i vo politikata. taka da sega pak i vie pa najdovte da se raspravate ovde javno, no koga vi se moze i vi se dalo, ke mora da ve trpime,aj moze da se utesime koga sme izdrzale tursko 5 veka i sl. ke ve izdzime i vas.
Од: mitko za zloupotrebite
Датум: 19.09.2009 01:43:05
Do koga ovoj vesnik ke pecati kolumni vo koi Filip go napaga Milosovski za losoto vodenje na MNR. Sekoja nedela isto. Deteto e ljubomorno sto ne go stavija minister i sega sekoja nedela ne davi. Ova ne e dobro ona ne e dobro toj da bil ke ni bilo supet. Stanuva dosadno mislam deka e krajno vreme da mu se zablagodarite za napisanoto zatoa sto ocigledno nema sto da kaze pa prostorot go koristi za licni celi.
Од: Деки
Датум: 19.09.2009 03:04:47
Филип, а кое искуство го имаше кога отиде за конзул во Њујорк?
А твоето однесување таму е посебна приказна...
Од: Crnorizec
Датум: 19.09.2009 03:51:09
Филип, знам како ти е.....12 години си во сенка на Антонио Милошоски и сигурно е тешко твојата маленкост да ја издржи внатрешната пресија на немоќ во однос на некој кој успеал со својот труд и напор......
Од: kris
Датум: 19.09.2009 07:49:47
Филипче!!? Велиш финансиските дубиози во МНР се толерираат од Премиерот??! А што мислиш Филипче, тој ПОАРЕН Е ОД НИВ?????????????????? Ти тврдам дека во бившата Југославија луѓе од овој ков, не можеа да се доближат до Влада (ЦК) и Собрание, а камо ли да влезат во него, и уште повеќе да претставуваат власт??? Нели е така Филипче, мал си ама затекна барем малку од тоа...
Од: Iskustvo
Датум: 19.09.2009 10:17:02
Avtorot za mnogu od ona sto go pisuva e vo pravo. Medjutoa, iskreno ne veruvam deka ima znaenje i kapacitet da napravi vistinski potrebna reforma na MNR!? Konzulite treba da znaat za interesite i potrebite na gradjanite, no, tuie mosne malku znaat za interesite na drzavata i narodot! MNR i dosega bese perilnica za pari (nadvor od drzavata), no sega e vistinska centrifuga za taa rabota! Kako covek bez r,bet, no, nenasiten materijalist, Milososki ke si gi ostvari zelbite i ke si pobegne vo Germanija!
Од: Valentina MKD
Датум: 19.09.2009 11:52:28
od dosegasnite ministri Miloshoski e na visokoto vtoro mesto. Spored mene prvoto mesto e za Kerim. .., a Filip, za zal, seuste ne kvalifikuvan za toj natprevar. Izvini, no ova iskreno go mislam.
Од: Tomce bibl.penzioner
Датум: 19.09.2009 13:04:22
Coek be dosadno e ova sto go pisuvas,a da tikazami vo bibl. si tezok karakter i tesko koj da te svati,za tvoite logiki i izgleda samo FRCKO go slusas i go imitiras.
Од: zlatko- germanija
Датум: 19.09.2009 14:16:37
Gospodine Petreski,mozam da vi veruvam na site ovie raboti sto gi pisuvate ,no za mene e nesvatlivo zosto ne prifativte da bidete na toa mesto,pa da gi sredite i vodite rabotite kako treba,,Site nie sme silni od strana i znaeme so treba ,samo koga sme na funkcija da ne zaboravime se ,ili...
Од: vlatce
Датум: 19.09.2009 16:37:27
vi gi citam komentarite i ne mozam da poveruvam kako se trudite da ja prefrlite topkata so napadi kon filip.Pa dajte eden od vas neka kaze dale e vo pravo ili ne vrz baza na fakti.od edna strana i ve razbiram takva e vasata anticka:) filozofija na vladeenje,a i se prasuvam dali motivite za napad vrz filip se edna bedna makedonska administrativna platicka.filip prodolzi taka!!!!!!!!
Од: jovan
Датум: 19.09.2009 19:03:25
Филипе,младо момче,стално го критикуваш Милошовски,а зошто?..Што сакаш да постигнеш со тоа?..Ти веке не си во Вмро ,кази сега за која партија работиш?..И јас незнам од каде ти тебе тоа ИСКУство да критикуваш за НАДВорешни РАБоти кога си само обицен Библиотекар!!!
Од: harun od viena
Датум: 19.09.2009 20:25:51
filipce mnogu dobro te znam uste od satorite koga strajkuvase. poradi toa strrajkuvanje te zemaa da napravat od tebe politicar mozda i lider ama brat ne te biva zatoa i te trgnaa treba da se pomiris so toa. samo za djaba se nametnuvas od tebe nisto nebiva. tolku godini jas nisto pametno ne sum cul od tebe samo da napadjas i da se karas a toa sto treba da go rabotis nisto. i ti najde da naodjas mani na drugi . preispitaj se sto pametno si kazal a da ne zboruvame sto si napravil, edno vreme si bil vo vrvot na drzavata. i za kolumina ne te biva a da ne zboruvame da te stavat minister, mozam da zamislam sto bi stanalo
Од: valeri
Датум: 19.09.2009 21:51:03
Bravo Filip potpolno te poddrzuvam vo tvoite statii ima vistina koja sto ja sogleduvaat pogolem broj gragani, megutoa izmanipulirani od gospon premier se uste ne sakaat da si priznaat na samite sebe deka zgresile Pozdrav prodolzi samo taka