Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Евтините кредити, всушност, ќе бидат скапи

Иако директорот на Македонска банка за поддршка на развојот, Драган Мартиновски, вели дека нема застој во процесот на доделувањето кредити од ЕИБ, сепак, парите на рака бизнисмените ќе ги добијат по еден-два месеца. Ова произлегува од фактот дека фирмите прво треба да добијат одобрение од банките, па тие да ги испратат барањата до МБПР, а потоа таа да побара транша од ЕИБ. За да се повлече првата транша треба една или повеќе банки да соберат проекти во вредност од три, односно од пет милиони евра. ЕИБ ќе учествува со 75 отсто од средствата, а банките со 25 проценти. „Кредитната линија е целосно оперативна, потпишани се договори со девет банки и имаме најава со сигурност од една банка дека од вторник ќе почнат да пристигнуваат кредитните барања“, изјави вчера Мартиновски.

Фирмите обвинуваат дека кредитите се добиваат под истите комерцијални услови, што ги нудеа банките и досега. „Основното барање на бизнисот беше државата да застане зад стопанството. Во оваа ситуација банките повторно ќе одлучуваат кој ќе може да добие кредит“, изјави вчера Горан Рафајловски од „Консалтинг Рафајловски“. Според него, за кредитите од ЕИБ, иако на почеток изгледаат евтини поради тоа што се земаат долгорочно, ако има зголемување на еуролиборот можно е во петтата година на користењето каматата да достигне од десет до 11 проценти.

Дел од стопанствениците изразија негодување за условот со кој се бара фирмите да не отпуштаат работници во периодот на отплата на кредитот, а се интересираа и за евентуалните санкции доколку го прекршат правилото. „Само за една година стопанството се промени многу, па што ќе се случи за пет години, за да може да гарантираме дека нема да има отпуштања“, вели Горан Антески од АД „Раде Кончар“.

Банкарите, пак, ветуваат дека ќе бидат флексибилни во одобрувањето на кредитите. „На постојните клиенти ќе им биде прифатена обезбедената хипотека, додека со останатите ќе се водат поединечни разговори за нејзино определување“, објасни Глигор Бишев, директор на Стопанска банка. Провизијата што ќе ја наплатуваат банките при кредитирањето ќе изнесува максимум 1,5 проценти. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 884 пати.

Испрати коментар

Од: mkd17
Датум: 19.09.2009 03:12:25
Дел од стопанствениците изразија негодување за условот со кој се бара фирмите да не отпуштаат работници во периодот на отплата на кредитот, а се интересираа и за евентуалните санкции доколку го прекршат правилото. „Само за една година стопанството се промени многу, па што ќе се случи за пет години, за да може да гарантираме дека нема да има отпуштања“, вели Горан Антески од АД „Раде Кончар“. Nemoj be Gospodine Anteski pa kaj dobivas evtini krediti pa uste sakas po tvoi uslovi...Vakvi biznismeni podobro da propadnat znaci nivnata logika e drzavata da im "pomogne" da im dade pari bez uslovi a tie da odlucuvaat...ajde be...Ako ne ste sposobni togas mozebi podobro ke bide da zatvorite i da odite da barate rabota....Taka sekoj moze da e biznismen koga sve odi dobro drzavata da ne se mesa koga ne odi treba da dava pari bez uslovi.....A rabotnicite koj gi e.... demek daj mi kredit a zaebi uslovi i plati...Del od "biznismenite" mislat da zemat kredit da ja zaebat drzavata i nikomu nisto
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 19.09.2009 12:39:01
Го читам единствениот коментар досега од мкд 17 и не го разбирам како ја разбира економијата во наредните 5 години па што тој би гарантирал да не испушти или вработи работници.Во пазарна економија никој не може ништо да гарантира па ни ова барање од владата.

Најди! во Утрински
Насловна
Македонија официјално во рецесија
Папата поканет да ја посети Македонија
Уплав од бесплатните учебници
Стефанов
Зденко
Пелистерски очи од солзите на вљубените сестри
Нема напредок кон ЕУ без решение за името
Има ли лек за аптекарите
Програмата на СДСМ го вклучи алармот во ВМРО-ДПМНЕ
Мистерија со човечки коски во „Јасен“
Потемкиново село во Северна Кореја
Финансиска катастрофа во МНР (2)
Политиката и моралот